Прејди на содржината

Море на Облаците

Од Википедија — слободната енциклопедија
Mare Nubium
Координати21°18′S 16°36′W / 21.3°S 16.6°W / -21.3; -16.6
Пречник715 километри[1][2]
Кос поглед на северниот дел на Морето на Облаците од Аполо 16.
Вулканска карактеристика во Морето на Облаците

Море на Oблаците (латински: Mare Nubium) — месечево море во Басенот на Облаците на блиската страна на Месечината. Морето се наоѓа веднаш југоисточно од Океанот на Бурите.

Формирање

[уреди | уреди извор]

Се верува дека базенот што го содржи Морето на Облаците бил дел од пренектаријанскиот систем.[3] Материјалот од морето е од имбриско и ератостениско време.

Кратерот Булијалдус, истакната карактеристика на западната страна од морето, е од ератостениско време.[4] Други карактеристики во рамките на морето е месечевиот кратер Питатус на јужниот раб и месечевиот кратер Герике на северниот раб. Кратерите Опелт, Гулд, Кис, Николет, Волф, Бирт и Рупес Ректа (Правиот Ѕид) лежат во морето.

Како и повеќето други месечеви мориња, Морето на Облаците го добило името од Џовани Ричоли, чиј систем на номенклатура од 1651 година станал стандардизиран. Претходно, Вилијам Гилберт го вклучил меѓу „Јужен континент“ на својата карта од околу 1600 година, а Михаел ван Лангрен го нарекол Бурбунско Mоре според Бурбонската династија на својата карта од 1645 година.

Истражување

[уреди | уреди извор]

Првите објавени слики од Лунарниот извиднички орбитер во 2009 година биле од лунарните висорамнини 200 км јужно од Морето на Облаците.[5]

Во септември 2013 година, шпанските астрономи набљудувале и регистрирале настан на удар кога голема карпа ја погодила површината на Месечината во Морето на Облаците.[6]

  1. ↑ „Море на Облаците“ — Поимник на планетарната номенклатура, Астрогеолошки истражен програм на Геодетската служба на САД (англиски)
  2. ↑ „Mare Nubium“. Архивирано од изворникот на 2009-06-04. Посетено на 2009-07-04.
  3. ↑ „Impact Basin Database“. Архивирано од изворникот на 2014-08-07. Посетено на 2017-01-23.
  4. ↑ „Observatorio ARVAL - Moon Map“. Observatorio ARVAL. Архивирано од изворникот на 2012-04-08. Посетено на 2009-07-04.
  5. ↑ Garner, Robert (July 2, 2009). „LRO's First Moon Images“. NASA. Архивирано од изворникот на August 8, 2009. Посетено на February 16, 2015.
  6. ↑ „Astronomers spot record-breaking lunar impact“. Phys.Org. Посетено на 2014-02-25.