Море на Кралот Хакон VII

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Предложениот опфат на Морето на Кралот Хакон VII.
Бреговите на принцезите Марта, Астрида и Рагнхилда.

Море на Кралот VII (норвешки: Kong Haakon VII Hav) — предложено име на дел од Јужниот Океан кај брегот на Источниот Антарктик.

Географија[уреди | уреди извор]

Морето сè уште не е признаено од Меѓународната хидрографска организација (МХО)[1], ниту пак највеќето водечки географски организации.

Според потесниот предлог, морето го зафаќа подрачјето меѓу Веделовото Море и предложеното Лазарево Море. Со тоа, морето се протега само долж Брегот на Принцезата Марта, од ’ртот Норвегија (12°18′ ЗГД — најисточната точка на Веделовото Море) — до Фимбулскиот Леден Гребен близу нултиот меридијан (0°0′), предложен како западна граница на Лазаревото Море.

Од норвешко гледиште, кое исто така не го признава Лазаревото Море, Морето на Кралот Хакон VII е сместено долж целиот брег на Земјата на Кралицата Мод помеѓу 20° ЗГД и 45° ИГД, протегајќи се околу 10.090 км од Стенком-Вилсовиот Ледник (19° ЗГД) на Брегот на Прицезата Марта на запад до Шинановиот Ледник (44°38′ ИГД) на источната граница на Брегот на Принцот Олав на исток.[2][3]

Водата на ова море е покриена со мраз речиси преку цела година. На есен се насобира пловечки мраз кој се растура дури на пролет.

Подрачјето е важно живеалиште на Росовата фока (Ommatophoca rossii).[4][5]

Историја[уреди | уреди извор]

На 27 јануари 1820 г. рускиот истражувач Фабијан Готлиб фон Белингсхаузен станал првиот кој потврдно ја здогледал Јужната Земја или Тера Аустралис (Антарктикот) пловејќи токму низ ова подрачје близу денешниот Фимбулски Леден Гребен и Брег на Принцезата Марта.[6][7]

Морето е наречено во чест на Хакон VII (вл. 1905-1957) — првиот крал на Норвешка по растурањето на сојузот со Шведска.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Граници на океаните и морињата, III издание“ (PDF). Меѓународна хидрографска организација. 1953.  Unknown parameter |access_date= ignored (помош) (англиски)
  2. [1], David McGonigal, "Antarctica: Secrets of the Southern Continent", 2009, Frances Lincoln Publishing, London, , посет. 28 октомври 2010 г
  3. [2], Bernadette Hince, "The Antarctic dictionary: a complete guide to Antarctic English", 2000, Csiro Publishing, Collingwood, Australia, , посет. 28 октомври 2010 г
  4. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-07-19. конс. 2010-10-28. , Polar Conservation Organisation (PCO), посет. 28 октомври 2010 г
  5. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-09-27. конс. 2010-10-28. , American Society of Mammalogists (ASM), посет. 28 октомври 2010 г
  6. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 2010-11-24. конс. 2010-10-28. , Polar Cruises.com, посет. 28 октомври 2010 г
  7. [3], Antarctic-circle.org, посет. 28 октомври 2010 г

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 67°00′S 20°00′W / 67.000° ЈГШ; 20.000° ЗГД / -67.000; -20.000