Море на Дождовите

Море на Дождовите (од латинскиот Mare Imbrium) — област на Месечината. Всушност, тоа е кратер и е еден од најголемите кратери во Сончевиот Систем со пречник од 1145 километри.
Основни одлики
[уреди | уреди извор]Морето на Дождовите е најголемо на Месечината и е видливо со голо око. Опкружено е со планини од сите страни освен на запад каде што се спојува со друго море. На север се планините Јура и Алпите, на исток се Кавказ и Апенините, а на југ се Карпатите. Овие планини се издигаат до 7 километри над морето.[1] На северозападниот брег на морето се наоѓа „Заливот на Виножитото“ (Sinus Iridum). Го добил своето име поради својот правилен облик. Заливот е всушност само преостанатиот дел од кратерот кој го задржал својот речиси совршен кружен облик. Неговиот пречник е 260 километри,[2] а 50 километри јужно од него во 1970 година. Во 2007 година, се спуштило руското вселенско летало Луна 17 со првиот месечев возило Лунаход 1.

Име
[уреди | уреди извор]Името на Морето на Дождовите, како и на Заливот на Виножитото, најверојатно го дал Џовани Ричоли, чиј номенклатурен систем бил прифатен уште во 1651 година. Првото запишано име на морето било „Хекатин Олтар“. Плутарх запишал дека старите Грци му го дале ова име на морето по нивната божица Хеката бидејќи тоа било најголемото и најтаинственото море. Старите Грци верувале дека кога некој ќе умре, неговата душа оди во Морето на Дождовите.
Во 16 век, Вилијам Гилберт направил карта на Месечината, а Морето на Дождовите го нарекол „Голем Источен Регион“ (Regio Magna Orientalis). После него, морето било преименувано во „Австриско Море“ (Mare Austriacum) од Михаел ван Ланген.
Истражувања
[уреди | уреди извор]На 17 ноември 1970 година советското вселенско летало Луна 17 слетало во Морето на Дождовите, носејќи го со себе првото месечевно возило, Луноход 1 . Мисијата Луноход траела неколку месеци.

Во 1971 година, Аполо 15 слетал во југоисточниот дел на Морето на Дождовите, во близина на Апенинските Планини. Командантот Дејвид Скот и пилотот Џејмс Ирвин на Месечината поминале три дена, вклучувајќи 18 часа надвор од вселенското летало. Тие ја истражувале површината на Месечината и се вратиле на Земјата со 77 килограми камења. Недозволено оставиле скулптура на паднатите астронаути на Месечината како спомен на сите астронаути кои загинале за доброто на науката.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ The Moon's Highs and Lows
- ↑ P. H. Schultz & D.A. Crawford, Origin and implications of non-radial Imbrium Sculpture on the Moon, Nature 535, 391–394 (2016)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Море на Дождовите на Ризницата ?- Phillips, Tony (2006-06-13). „A Meteoroid Hits the Moon“. Science@NASA. Архивирано од изворникот на 16 June 2006. Посетено на 2006-06-16.
- Mare Imbrium at The Moon Wiki
- Немиров, Р.; Бонел, Џ., уред. (28 декември 2000). „Moon Mare and Montes“. Астрономска слика на денот. НАСА. Посетено на 7 октомври. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=(help) (англиски) – one of the prominent features of the photo includes Mare Imbrium