Морбиjан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Морбијан
Morbihan

Mor-Bihan
Департман
Зградата на префектурата на департманот Морбијан, во Ван
Зградата на префектурата на департманот Морбијан, во Ван
Знаме на Морбијан MorbihanГрб на Морбијан Morbihan
Местоположба на Морбијан во Франција
Местоположба на Морбијан во Франција
Карта на Морбијан
Карта на Морбијан
ДржаваФранција
РегионБретања
ПрефектураВан
ПотпрефектуриЛорјан
Понтиви
Управа
 • President of the General CouncilФрансоа Гулар
Површина1
 • Вкупна6.823 км2 (2,634 ми2)
Население (Jan. 2017)
 • Вкупно750.863
 • Ранг31st
 • Густина110/км2 (290/ми2)
Часовен појасЦЕВ (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)ЦЕЛВ (UTC+2)
Број на департманот56
Арондисмани3
Кантони21
Општини249
^1 Катастарски податоци, каде не се вбројани езера, бари и ледници > 1 km2 и речни устија.

Морбијандепартман во административниот регион Бретања, сместен во северозападниот дел на Франција. Именуван е по Морбијан (мало море на бретонски), затвореното море кое е главна карактеристика на крајбрежјето. Забележан е по Карнакските камења, кои датираат од пред споменикот Стоунхенџ во Вилтшир, Англија и и се пообемни од него.

Три главни воени образовни објекти се сместени во Гер, вклучително и Специјалната воена школа во Сен-Сир (École Spéciale Militaire de Saint-Cyr), националната воена академија за офицери.

Историја[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1801401,215—    
1821416,224+3.7%
1831433,522+4.2%
1841447,898+3.3%
1851478,172+6.8%
1861486,504+1.7%
1876506,573+4.1%
1881521,614+3.0%
1891544,47+4.4%
1901564+3.6%
1921556,047−1.4%
1936542−2.5%
1946506,884−6.5%
1954520,966+2.8%
1962530,833+1.9%
1968541+1.9%
1975563,588+4.2%
1982590,889+4.8%
1990619,723+4.9%
1999643,293+3.8%
2006693,498+7.8%
2016747,548+7.8%

Морбијан е еден од оригиналните 83 департмани создадени на 4 март 1790 година за време на Француската револуција. Создаден е од дел на Војводството Бретања.

Во 1945 година кадетите од Специјалната воена школа во Сен-Сир, најголемата француска воена академија за офицери, била преместена во Гер. Ова било направено со цел да ја вклучи и Меѓуармиската воена школа (École militaire interarmes), за подофицери; и Воената школа за технички и административен корпус (École Militaire du Corps Technique et Administratif).

Географија[уреди | уреди извор]

Морбијан, дел од регионот на Бретања, е опкружен со департманите Финистер, Арморските Брегови, Ил и Вилен и Атлантска Лоара и Атлантскиот Океан на југозапад.

Заливот Морбијан има многу острови: 365 според легендата. Има всушност меѓу 30 и 40, во зависност од тоа како се бројат. Има и многу островчиња кои се премали за каков било развој. Од овие острови, сите освен два се во приватна сопственост: Ил-о-Моан и Ил д'Арз. Сопствениците на другите вклучуваат филмски ѕвезди, модни дизајнери и други богатиши.

Во департманот Морбијан, но надвор од заливот, има четири населени острови:

Меабан, остров веднаш надвор од Пор ди Круести, е орнитолошки резерват. Таму се забранети посетители.

Најголемите градови во Морбијан се Ван и Лорјан.

Уметност и култура[уреди | уреди извор]

Многу жители го поддржуваат одржувањето и употребата на бретонскиот јазик, а има и бројни поборници за двојазично образование.

Сликарот Ремон Винц (1884–1956) ги насликал местата околу Морбијанскиот Залив.

Управување[уреди | уреди извор]

Од 2014 година, префект на Морбијан е Жан-Франсоа Сави, претходно раководител на префектурите Ардени и Горни Алпи.[1]

Политика[уреди | уреди извор]

Сегашни претставници во Националното собрание[уреди | уреди извор]

Изборна единица Член [2]
1-ва изборна единица на Морбијан Ерве Пелоа Републиката напред!
Втора изборна единица на Морбијан Жими Паен МоДем
3-та изборна единица на Морбијан Никол Ле Пеи Републиката напред!
4-та изборна единица на Морбијан Пол Молацк Републиката напред!
5-та изборна единица на Морбијан Гвендал Рујар Републиката напред!
6-та изборна единица на Морбијан Жан-Мишел Жак Републиката напред!

Туризам[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Le préfet du Morbihan“. Morbihan Prefecture website.
  2. Assemblée Nationale. „Assemblée nationale ~ Les députés, le vote de la loi, le Parlement français“. Assemblee-nationale.fr. Посетено на 2019-09-04.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]