Прејди на содржината

Моравички Округ

Координати: 43°53′N 20°21′E / 43.883° СГШ; 20.350° ИГД / 43.883; 20.350
Од Википедија — слободната енциклопедија
Моравички Округ
Моравички округ
Moravički okrug
Округ во Србија
Слики од Моравичкиот Округ
Местоположба на Моравичкиот Округ во Србија
Местоположба на Моравичкиот Округ во Србија
Држава Србија
Статистички регионШумадија и Западна Србија
Административно седиштеЧачак
Управа
 • Градоначалник на округотСлободан Јоловиќ (СПС)
Површина
 • Вкупно3,016 км2 (1,164 ми2)
Население (попис во 2011)[1]
 • Вкупно212,603
 • Густина70,5/км2 (183/ми2)
ISO 3166RS-17
Општини3 и 1 град
населби206
- Градови во Србија5
- села201
Мреж. местоmoravickiupravniokrug.org

Моравички Округ — округ кој се наоѓа во централниот дел на Србија. Вклучува еден град и три општини. Има вкупно 212.149 жители (Попис 2011 година). Седиштето на округот е во градот Чачак.

Посебно место во културното наследство на Чачак и неговата околина имаат манастирите и црквите. Десет манастири во Овчарско-кабларската Клисура се нарекуваат Српска Света Гора. Некои од нив се изградени во времето на српските владетели Немањиќи, Лазаревиќи и Бранковиќи. Во овие десет манастири со векови се чувале стари ракописи, а некои од нив биле создадени овде.

Чачак е голем економски центар на Србија. Индустријата има доминантно место во економијата.

Административна поделба

[уреди | уреди извор]

Моравичкиот Округ опфаќа еден град и три општини.

Име Грб Население (2011)
Град Чачак 117.072
Општина Горњи Милановац 42.730
Општина Ивањица 32.047
општина Лучани 20.897

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  1. http://webrzs.stat.gov.rs/WebSite/Public/ReportResultView.aspx?rptId=1210%7C National structure and population of Serbia, census 2011