Прејди на содржината

Монтсерат (манастир)

Координати: 41°35′35.54″N 1°50′13.70″E / 41.5932056° СГШ; 1.8371389° ИГД / 41.5932056; 1.8371389
Од Википедија — слободната енциклопедија
Манастир Санта Марија де Монтсерат
Monasterio de Montserrat
Основни податоци
МестоМонсерат, Каталонија, Шпанија
ПрипадностРимокатоличка црква

Санта Марија де Монтсерат (шпански: Monasterio de Montserrat) е бенедиктинска опатија која се наоѓа на планината Монтсерат, во Каталонија, Шпанија. Во манастирот се наоѓа статуата Богородица од Монтсерат. Овде се наоѓа и истоимената библиотека која содржи издаваштво на книги чии ракписи се едни од најстарите на светот.[1][2] Во манастирот се наоѓаат голем број на уметнички дела од познати сликари и вајари, вклучувајќи дела од Ел Греко, Салвадор Дали, Пабло Пикасо и многу други.

Првото споменување на манастирот датира кон крајот на 9 век. Во текот на 1025 година бил основан денешниот бенедиктински манастир, кој бил изграден во стил на романиката. Во 1592 година била изградена и осветена новата катедрала изградена во стил на ренесанса со елементи на готска архитектура. Во 1811 година манастирот бил опожарен од страна на војските на Наполеон. Така, под рушевини манастирот се наоѓал до 1844 година кога бил обновен.

  1. La impremta a Montserrat. Manuel Llanas. Universitat de Vic, 2002.
  2. Cinc-cents anys de Publicacions de l'Abadia de Montserrat. Faulí, Josep, Francesc Xavier Altés i Aguiló & Josep Massot i Muntaner. Publicacions de l'Abadia de Montserrat, 2005.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

41°35′35.54″N 1°50′13.70″E / 41.5932056° СГШ; 1.8371389° ИГД / 41.5932056; 1.8371389