Монте Писис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Монте Писис
Monte Pissis.jpg
Монте Писис
Највисока точка
Надм. вис. 6793 м
Истакнатост 2145 м [1][upper-alpha 1]
Заведена како
Координати 27°45′21″ ЈГШ 68°47′57″ ЗГД /  [1]
Географија
Место Ла Риоха, Аргентина
Матичен венец Andes
Геологија
Вид планина стратовулкан
Искачување
Прво освојување 1937 од Осјецки и Шчепански
Најлесен пат Пешачење

Монте Писис — неактивен вулкан кој се наоѓа во провинцијата Ла Риоха, Аргентина. Планината е трета највисока во Западната хемисфера и се наоѓа на околу 550 километри северно од Аконкагва. Монте Писис е именуван по Педро Хозе Амадео Писис, француски геолог кој работел за чилеанската влада. Поради својата местоположба во пустината Атакама, планината има многу суви услови, но има огромен глечер (со пукнатини, кои се единствени во регионот).

Висина[уреди | уреди извор]

Аргентинската експедиција од 1994 година тврдела дека користела ГПС-технологија во тоа време и дека височината на Монте Писис била 6.882 метри, повисока од Охос дел Саладо. Десет години подоцна, со користење на системи со поголема прецизност, неколку други истражувања покажале дека тие мерења се неточни: во 2005 година, еден австриски тим извршил истражување на DGPS на врвот на Писис и утврдил дека височината е 6,793 метри (22.287 стапки). Во 2006 година меѓународна експедиција ја испитувала висината на врвот, и излегла со резултати во согласност со надморска височина од околу 6.800 метри (22.300 стапки). Ова подоцна било потврдено со чилеанско-аргентинско-европската експедиција од 2007 година, која ги испитувала Охос дел Саладо и Монте Писис и привремено утврдила дека првиот е висок 6,891 м, а вториот 6,793 метри[2].

Геологија[уреди | уреди извор]

Главниот глечер на Монте Писис.

Монте Писис е голем андезитско-дацитски вулкански центар. Тој бил формиран помеѓу 6,6 и 6,2 милиони години. Исто како Серо Бонете, тој е еден од големите вулкански комплекси формирани во тоа време над деформираната Насканска плоча[3]. Вулканизмот во областа престанал пред околу 2 милиони години[4].

Монте Писис, Серо Бонете и Инкапило формираат голем вулкански комплекс кој е меѓу највисоките во светот[5]. Инкапило бил формиран откако Монте Писис престанал да еруптира, а хидротермалната активност на Инкапило може да продолжи до денес[6].

Искачување[уреди | уреди извор]

Од неодамна оваа планина имала многу малку внимание. Првото успешно снимено искачување било постигнато во 1937 година од страна на полските планинари Осјецки и Шчепански. Планината не била освоена повторно до 1985 година.

Отворањето на рудник во областа резултирало со изградба на основни патишта во последните 15 години. Ова довело до развој на туризмот во пустината Атакама и денес повеќе луѓе се искачуваат на планината, обично преку претходната станица во Фимбала, за да го организираат искачувањето. Искачувањето од соседниот Чиле исто така е можно, но вклучува подолг пат.

Бидејќи планината е многу висока и далечна, потребен е долг приод, но искачувањето е лесно и не бара специфична вештина на качување. Сепак, топла облека и добри чевли се потребни бидејќи температурата во текот на ноќта може да падне до -30° C, а ветровите може да бидат многу силни. Обично повеќето тимови се искачуваат на врвот во периодот од декември до март, како најтопол период од годината.

Највисокиот врв е еден од најтешките врвови во пустината Атакама, иако глацијалната област започнува само на 5.900 метри и големината на глечерот е мала во споредба со вкупната површина на планината.

Од подножјето на планината потребно е да се искачат 4.500 метри (14.800 стапки) за неколку дена. Врвот обично се „освојува“ директно од високиот камп на 5.900 метри, кој се наоѓа на работ на глечерот.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Argentina and Chile North: Ultra-Prominences“. Peaklist. 2006. http://www.peaklist.org/WWlists/ultras/andes1.html. 
  2. „Ojos del Salado, el volcán más Alto del Mundo“ (на spanish). Desnivel. 22 мај 2007. http://desnivel.com/alpinismo/ojos-del-salado-el-volcan-mas-alto-del-mundo. 
  3. Kay, Suzanne Mahlburg; Mpodozis, Constantino; Gardeweg, Moyra (1 јануари 2014 г). Magma sources and tectonic setting of Central Andean andesites (25.5–28°S) related to crustal thickening, forearc subduction erosion and delamination (на en). „Geological Society, London, Special Publications“ том  385 (1): 303–334. doi:10.1144/SP385.11. ISSN 0305-8719. http://sp.lyellcollection.org/content/385/1/303. 
  4. Mahlburg Kay, Suzanne; Mpodozis, Constantino (1 април 2002 г). Magmatism as a probe to the Neogene shallowing of the Nazca plate beneath the modern Chilean flat-slab. „Journal of South American Earth Sciences“. Flat-Slab Subduction in the Andes том  15 (1): 52. doi:10.1016/S0895-9811(02)00005-6. http://www.sciencedirect.com/science/article/pii/S0895981102000056. 
  5. Goss, A. R.; Kay, S. M. (1 декември 2003 г). Termination of a Central Andean arc: The Chemical Evolution of the Bonete-Incapillo Volcanic Complex, Argentina. „AGU Fall Meeting Abstracts“ том  41. http://adsabs.harvard.edu/abs/2003AGUFM.S41D0123G. 
  6. Goss, A. R.; Kay, S. M.; Mpodozis, C.; Singer, B. S. (20 јули 2009 г). The Incapillo Caldera and Dome Complex (∼ 28° S, Central Andes): A stranded magma chamber over a dying arc. „Journal of Volcanology and Geothermal Research“ том  184 (3–4): 389–404. doi:10.1016/j.jvolgeores.2009.05.005. http://www.sciencedirect.com/science/article/pii/S0377027309002108. 
  1. The prominence value given here is based on an elevation of 6,795 м (22,293 ст)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]