Монтевидео, Бог те видео

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Монтевидео, Бог те видео!“
РежисерДраган Белогрлиќ
СценаристСрѓан Драгоевиќ
Ранко Бочиќ
НастапуваатМилош Биковиќ
Петар Стругар
Нина Јанковиќ
Дафина Јевтиќ
МузикаМагнифико
Премиера21 декември 2010
Времетраење140 минути
Држава Србија
Јазиксрпски
Бруто заработка$2,192,931 (Србија)

Монтевидео, Бог те видео! е српски филм од 2010. Филмот е режисерски првенец на српскипт актер Драган Белогрлиќ работен по сценарио на Срѓан Драгоевиќ и Ранко Бочиќ. Сценариото е напишано по истоимената книга на спортскиот новинар Владимир Станковиќ и говори за големиот успех на кралството Југославија на светското првенство во фудбал одржано во Уругвај 1930 година. Филмот се состои од два дела (односно две приказни), а од снимениот материјал е направена и ТВ серија од 15 епизоди.

Ликови[уреди | уреди извор]

Александар Тирнанић - Тирке (Mилош Биковиќ) е момче од населбата Чубура, кое е приморано да избере помеѓу работа во фабрика и фудбал. Тој го одбира второто. Природниот фудбалски талент од чубурската калдрма го внесува во клубот БСК, каде се запознава со Моша Марјановиќ. Тие двајца стануваат пријатели и легендарен тандем. И покрај тоа што е мангуп, Тирке е амбициозен, праведен и пред се, со чиста душа.

Благоје-Моша Марјановиќ (Петар Стругар) е дел од фудбалската екипа БСК, единствен професионалец, платен за секој гол. Се облекува во нови модни трендови, вози Форд Т, се движи во елитни ноќни клубови, каде што ја запознава либералната и слободоумна Валерија.

Валерија (Нина Јанковиќ) е ексцентрична белградски уметник и сликар, член на белградската елита. Таа е чест посетител на Џокеј клуб. Станува девојка на Моша, но сплетот на околностите ја води до Тирке. Тогаш чистата душа ќе биде ставена на искушение.

Роса (Дафина Јевтиќ) е љубезна и простодушна линост, роднина на Рајко и Ѓурѓа. Таа доаѓа во нивната кафеана за да им помогне. Роса ќе го привлече вниманието на младиот Тирке.

За филмот[уреди | уреди извор]

Главната тема на филмот е историскиот успех на југословенската репрезентација на Монтевидео 1930 година каде истата се закити со бронзен медал. Ова се случува кон крајот на 1929 година до почеток на септември 1930 година, кога фудбалерите по 75-дневните авантури триумфално пристигнуваат во Белград. На железничката станица беа дочекани од преку 5000 фанови, кои ги носеа по балканската улице, се до Теразија.