Мононоке (аниме)
- Можеби го баравте цртаниот филм „Принцезата Мононоке“.
Мононоке (јапонски: モノノ怪) — аниме-серија произведена од Toei Animation. Тоа е продолжение на јапонската аниме-збирка на ужасите Ayakashi: Samurai Horror Tales од 2006 г. На 18 јуни 2022 г., било објавено дека режисерот Кенџи Накамура ќе се врати за да го режира долгометражниот аниме-филм Мононоке: Каракаса, а сите гласовни глумци (освен Такахиро Сакураи) од изворната серија ќе се вратат за да ги повторат своите улоги. Премиерата на филмот била на 26 јули 2024 г.[1][2]
Содржина
[уреди | уреди извор]Секоја епизода на Мононоке се одвива според определена шема: Аптекарот наидува на место населено со мононоке — разгневен дух — и постепено го разоткрива неговиот облик, суштина и основната причина што ја поттикнала неговата пројава. Овие елементи се сложено поврзани со луѓето што го опкружуваат Аптекарот. Откако ќе го пронајде обликот итн., тој зема голем куфер и открива сечило — исклучително суштество украсено со златни шарки, со темна кожа и пепелаво-бела коса. Вообичаено, секое мононоке во текот на својот живот страдало од силната алчност и жестокост на луѓето. По неговата смрт, тоа бара одмазда на своите мачители. Целта на Аптекарот е да ги победи овие духови мононоке. Иако останува загадочен за својата самоличност, едноставно нарекувајќи се себеси како „скромниот аптекар“, Аптекарот ја открива неговата бесмртност додека приказните опфаќаат различни векови и епохи.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Hodgkins, Crystalyn (February 28, 2023). „Mononoke Anime Film Delayed, Takahiro Sakurai Will No Longer Reprise Medicine Seller Role“. Anime News Network. Архивирано од изворникот February 28, 2023. Посетено на February 28, 2023.
- ↑ „Mononoke the Movie: Phantom in the Rain“. Fantasia International Film Festival. Посетено на July 11, 2024.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]