Монистра (музичка група)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Монистра – музичка група од Македонија.

Постава[уреди | уреди извор]

Групата „Монистра“ била основана во 2002 година, а нејзината музика спаѓа во жанрот „етно“ или т.н. „светска музика“ (World music). Групата ја сочинуваат: Александар Јовевски (кавал, тамбура и гајда), Јован Стрезоски (тамбура), Филип Николовски (тамбура), Габриела Јанушевска (глас), Дарко Ничевски (клавир), Марјан Андоновски (ударалки), Дамјан Зифовски (ударалки). Првиот албум на групата бил наречен „Монистра“.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Господ ги создаде Македонците да нè учат музика“, Дневник, година XX, број 6175, вторник, 27 септември 2016, стр. 22-23.