Моник Лорен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Моник Лорен
Vygen laurent goemans.jpg
Од лево: Јенс Виген, Моник Лорен, Мишел Геманс, 2011 на МФО
РоденМоник Лорен
ЖивеалиштеАмстердам, Холандија
ПолињаМатематичка оптимизација
УстановиЦентарот вискунде и информатика
Тилбуршки универзитет
ЦНРС
ОбразованиеПариз Дидро универзитет
Теза„Geométries Laminées: Aspects Algébriques et Algorithmiques“ (1986)
Докторски менторМишел Деза

Моник Лорен (родена 1960 година)[1] е француски компјутерски научник и математичар, која е експерт за математичка оптимизација. Таа е истражувач во Центарот вискунде и информатика во Амстердам, каде е исто така и член на менаџерскиот тим.[2] Лорен, исто така, ја држи позицијата, со скратено работно време, професор по економетрија и операциски истражувања на Тилбуршкиот универзитет.[3]

Лорен докторирала на Париз Дидро универзитетот во 1986 година, под надзор на Мишел Деза.[4] Таа работела во ЦНРС од 1988 до 1997 година, кога се преселила во ЦВИ. Таа ја презела втората позиција во Тилбург во 2009 година.[2]

Со Деза, Лорен е автор на книгата Геометрија на Пресеците и Метрика (Алгоритми и Комбинаторика 15, Спрингер, 1997).[5]

Награди и признанија[уреди | уреди извор]

Била поканет говорник на Меѓународниот Конгрес за Математичари во 2014 година.[6] Била избрана за соработник на Друштвото за индустриска и применета математика во 2017 година, "за придонеси во дискретната и полиномската оптимизација и откривањето на интеракциите помеѓу нив".[7]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Birth year from ISNI authority control file, retrieved 2018-11-29.
  2. 2,0 2,1 Employee profile, CWI, retrieved 2016-07-02.
  3. Faculty profile, Tilburg University, retrieved 2016-07-02.
  4. Моник Лорен at the Mathematics Genealogy Project
  5. Review of Geometry of cuts and metrics by Alexander Barvinok (1998), MR1460488.
  6. ICM Plenary and Invited Speakers since 1897, International Mathematical Union, retrieved 2016-07-02.
  7. SIAM Fellows: Class of 2017, retrieved 2017-04-25.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]