Моник Витиг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Моник Витиг
Податотека:Monique Wittig 1964.jpg
Витиг во 1964
Роден/ајули 13, 1935(1935-07-13)
Данмари, Франција
Починат/а3 јануари 2003(2003-01-03) (воз. 67 г.)
Тусон, Аризона, САД
Занимањеписателка; феминистичка теоритичарка; активистка
НационалностФранцуска
ПредметЛезбејство; феминизам
мрежно место
moniquewittig.com/index.html

Моник Витиг (13 јули 1935 година - 3 Јануари, 2003) била француска авторка и феминистичка теоретичарка[1] која пишувала за надминувањето на социјално спроведените родови улоги. Таа го објави својот прв роман, L'Opoponax, во 1964 година. Нејзиниот втор роман, Les Guérillères (1969), беше еден од најпознатите феминистички романи.[2]

Стил на пишување[уреди | уреди извор]

Витиг имаше материјалистички пристап во нејзините дела (евидентно во Les Guérillères). Таа, исто така, имаше критички теоретски пристап.

Како лезбејка писател силно спротивставена на идејата за инхерентно женско писмо, Витиг најчесто се става или во опозиција на Елен Сиксо, или во традицијата на лезбејски писатели. Нејзините врски со де Бовоар и Сарот се, сепак, подеднакво значајни, и ја позитираат нејзината работа во двојна историја на феминизмот и авангардната литература од последната половина на 20 век. Како Дурас и Сиксо, таа ја развива нејзината работа со преобмислување на искуството на жените писатели, додека нејзиното верно противење на идејата за "разлика", која се базира на сексуалноста или биологијата ја усогласува повеќе со де Бовоар и Сарот.[3]


The Straight Mind[уреди | уреди извор]

Иако Витиг прикажувала само жени во нејзината литература, таа ја мразела идејата дека е "писател на жените".[4]

Не постои такво нешто како женска литература за мене, таа не постои. Во литературата, јас не ги одделувам жените и мажите. Некој или е писател, или не е. Ова е ментален простор каде полот не е важен. Мора да се има некој простор за слобода. Јазикот го овозможува ова. Ова е за градење на идејата на неутралното кое би можело да ја избегне сексуалноста.


Покрај тоа, за Витиг, категоријата "женственост" постои само преку нејзината врска со категоријата "мажественост", и “женственоста" без врската со "мажественоста" ќе престане да постои. Таа се залага за силна универзалистичка позиција, велејќи дека изразувањето на идентитетот и ослободувањето на желбата бараат укинување на родовите категории.

Теоретски ставови[уреди | уреди извор]

Витиг беше теоретичар на материјалниот феминизам. Таа верувала дека е историска задача на феминистките да го дефинираат угнетувањето во материјалистички услови. Неопходно е да се направи јасно дека жените се класа, и да се признаат категоријата "жена", како и категоријата на "мажот" како политички и економски категории. Витиг вели дека овие две општествени класи постојат поради социјалните односи помеѓу мажите и жените.[5][6]

Лингвистика[уреди | уреди извор]

Витиг наведува дека "Родот е јазичниот индекс за политичката опозиција меѓу половите." Само еден род постои: женскиот, машкиот не е род. Машкиот е генералното, бидејќи машкото искуство се нормализира. Женскиот е конкретноста која се означува преку родот во јазикот, додека само машкиот воопшто е апстрактен. Витиг ги фали Џуна Барнс и Марсел Пруст за универзалирањето на женското со тоа што нема разлика во начинот на кој тие ги опишуваат машките и женските ликови. Витиг смета дека е неопходно да се потиснат родовите на ист начин како што тоа го направи Џуна Барнс.[7]

Цитати[уреди | уреди извор]

Од Les Guérillères

Вештерството е сеќавање. Имаше време кога си била слободна. Сети се на тоа. Ќе одеше сама, полна со смеа, се капеше гола во сончевата светлина - сети се. Си била мудра жена и исцелител, си била ловец и Амазонка - сети се на тоа. Велиш си го изгубила сето сеќавање на тоа; сети се. Твоите коски се сеќаваат. Кога ќе го повикаш твоето минато, твоите хероини, твоите божици, твоите соништа - тоа си ти која се повикуваш. Сети се која си.


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Monique Wittig, 67, Feminist Writer, Dies, by Douglas Martin, January 12, 2003, New York Times
  2. Benewick, Robert (1998). The Routledge Dictionary of Twentieth-Century Political Thinkers. London: Routledge. стр. 332–333. ISBN 0-203-20946-X. http://books.google.com/books?id=-jnaCUyzjMQC&pg=PA332#v=onepage&q&f=false. посет. 25 мај 2012 г. 
  3. Leah D. Hewitt. Autobiographical Tightropes (1990)
  4. Kirkup, James (2003-01-09). „Monique Wittig“. The Independent. конс. 2007-06-08. 
  5. Wittig, Monique. “One Is Not Born a Woman.” Feminist Theory Reader: Local and Global Perspectives. Ed. Carole R. McCann and Seung-Kyung Kim. New York: Routledge, 2013. 246-250. Print.
  6. Wittig, Monique. “The Category of Sex.” The Straight Mind and Other Essays. Ed. Monique Wittig. Boston: Beacon Press, 1992. 5-8. Print.
  7. Wittig, Monique. “Point of View: Universal or Particular?” The Straight Mind and Other Essays. Ed. Monique Wittig. Boston: Beacon Press, 1992. 60-61. Print.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]