Монголски писма

Од Википедија — слободната енциклопедија
Различни писма што се користеле за монголски јазик.

Повеќе монголски системи на пишување биле користени во текот на развојот на јазикот. Бројот на писма поврзани со монголскиот јазик одговара со други неколку јазици. Најстариот бил и најуспешниот систем на пишување што се користи и денес. Други писма биле создадени за одредени потреби во одерени времиња. Во 20 век Монголија ја одбрала кирилицата за своја азбука поради блискоста со Советскиот Сојуз а и поради поедноставниот начин на пишување со кирилицата.

Хитанско писмо[уреди | уреди извор]

Монголско писмо[уреди | уреди извор]

Класичната вертикална монголска азбука (Монгол бичиг) било едно од многуте системи на пишување создадени за монголски јазик и највеќе користена азбука сѐ до воведувањето на кириличната монголска азбука во 1946. Традиционалното писмо со малимодификации се користи денес во Внатрешна Монголија во Народна Република Кина. Истото писмо се користи и во евенкискиот јазик.

Јасно писмо[уреди | уреди извор]

Јасното писмо (монголски: Тодо бичиг) било создадено во 1648 од будистичкиот монарх Заја-пандита Намхајџимко за пишување на монголски јазик. Било развиено врз основа на традиционалното монголско писмо и било создадено сѐ со цел да се прилагоди пишувањето според изговорот на јазикот. Исто така, со ова писмо полесно било преведувањето и транскрипцијата од тибетски јазик и санскритски јазик во монголски јазик.

Вагинтара писмо[уреди | уреди извор]

Друга варијанта била создадена во 1905 година од бурјатскиот монах Агван Доржиев. Со тоа писмо се претендирало да се зацврсти влијанието на рускиот јазик за разлика од монголскиот јазик врз самото писмо. Најзначајна промена било замената на формите на буквите. Сите знаци биле засновани на средновековното монголско писмо. По неколку години, Агван Дорџиев останал без финансиски средства за промовирање на писмото па така останале само неколку книги испечатени со ова писмо.

Пагспа писмо[уреди | уреди извор]

Пагспа писмото или ново монголско писмо било абугида дизајнирано од тибетскиот Лама Дрогон Чогјал Пагпа за монголскиот император Кублај Хан за време на династијата Јуан во Кина.

Сојомбо писмо[уреди | уреди извор]

Сојомбо писмото (Соёмбо бичиг) е писмо развиено од монголските монаси и научникот Богдо Занабазар во 1686 година за пишување на монголски јазик. Истото писмо се користи за пишување и на тибетски јазик и санскритски јазик. Специјален знак од писмото, наречено сојомбо стана национален симбол на Монголија и е дел од знамето на Монголија од 1921 година и на грбот на Монголија од 1992 година.

Хоризонтално квадратесто писмо[уреди | уреди извор]

Монголско латинично писмо[уреди | уреди извор]

Монголското латинично писмо било официјално прифатено на 1 февруари 1941, но по два месеца писмото се повлекло од употреба на 25 март 1941. Според официјалните изјави, писмото се повлекло бидејќи не било познато на населението и не било учено добро. Исто така во изјавите се тврдело дека не ги опфаќа сите звуци на монголскиот јазик и било тешко за користење. Веднаш после овој предлог се прифатила кирилицата како национална азбука.

Монголска азбука[уреди | уреди извор]

Името на јазикот на кирилица

Денешната кирилична азбука што се користи во монголскиот јазик е изменета кирилична азбука. Азбуката е фонетска и е слична со руската. Разликата помеѓу овие две азбуки е во две букви: Өө /ö/ и Үү /ü/

кирилица МФА Кирилица МФА Кирилица МФА Кирилица МФА
Аа a Ии i Пп ( ), (pʰʲ ) Чч tʃʰ
Бб p, Йй j Рр r, Шш ʃ
Вв w, Кк ( k ), ( ) Сс s Щщ (stʃ )
Гг ɡ,ɡʲ,ɢ Лл ɮ,ɮʲ Тт ,tʰʲ Ыы i
Дд t, Мм m, Уу ʊ Ьь ʲ
Ее je Нн n, Үү u Ээ e
Ёё Оо ɔ Фф ( f ) Юю
Жж Өө o Хх x, Яя ja
Зз ts Цц tsʰ

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]