Монарх на гленот (слика)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Монарх на гленот
Творец Сер Едвин Лендсиер
Година 1851
Вид Масло на платно
Место Приватна збирка

Монарх на гленот“ (англ. Monarch of the Glen) — слика од 1851 од англискиот сликар Едвин Ленсдиер, порачана како дел од три слики за Вестминстерската палата во Лондон, Англија. Сликата подоцна била пресликана на челикорез и нашироко дистрибуирана како печатена графика.

Ленсдиер бил член на Кралската академија и миленик на кралицата Викторија кој се прославил по своите слики и цртежи на животни. Во подоцнежниот опус се вбројуваат и лавовите на подножјето на Нелсоновиот столб на плоштадот Трафалгар. Од 1840-тите Лендсиер почнал да изработува детални анализи на елени кои ги гледал по патувањата низ Шкотскиот планински крај уште од 1824. Во 1850 Лендсиер добил државна нарачка да наслика три субјекти на ловна тема за просториите на бифето во Домот на лордовите, и така тој ја насликал сликата „Монарх на гленот“ и две други слики. Но кога ги завршил сликите, Долниот дом одбил да ги одобри ветените 150 фунти и затоа сликите биле продадени на приватни лица.

По извесен период сликата ја откупила фирмата за сапуни Пеарс и ја користела во рекламни материјали. Подоцна е продадена на дестилеријата Џон Девор и Синови и станала нивен заштитен знак, а потоа повторно била продадена, овој пат на дестилеријата Гленфидих, каде служела иста намена. Денес оригиналот претставува дел од збирката на компанијата Дијаџио и била изложувана во Националните галерии на Шкотска.

Логотипот на американската осигурителна компанија Хартфорд е преземено директно од оваа слика, како и логотипот на пивницата Ексмур Ејлс Архивирано на 24 јуни 2014 г..

Наводи[уреди | уреди извор]

  • „Edwin Landseer“. Encyclopædia Britannica (XI изд.. изд.). London: Cambridge University Press. 1911.
  • „Монарх на гленот“. Ричард Барло. 2005. Архивирано од изворникот на 2006-06-18. Посетено на 10 ноември 2006.