Прејди на содржината

Монархиски двор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Слика од Катерина II насликана од Беноа.

Монархиски двор — првично круг на лица што го опслужувале монархот и неговото семејство во нивниот личен живот и во неговото лично живеалиште (палатата). Кадарот на лица што служеле на монархискиот двор се нарекуваат дворјани.[1][2]

На почетокот, дворјаните биле поделени според улогите што ги вршеле, кои имале многу заедничко меѓу различните дворови. На пример, во секој двор имало лице одговорно за кралските коњушници: во Русија се нарекувало коњушиј, во Францијаконетабл, во Англијаконстабл, во Австрија — шталмајстер и така натаму. Речиси во секој двор имало коморник, на кого владетелот му го доверил клучот од вратата на неговите лични одаи.

Со усложнувањето на структурата на дворот, ваквите положби (чинови) се зацврстиле во рацете на највисокото благородништво и аристократија, кои вршеле не само дворски, туку и државни функции. Во стварноста, монархот продолжил да го опслужува служител од пониските класи — измеќари, лични слуги, кочијаши и сл.

Во сталешката, а особено во апсолутната монархија, суверенот добил сосема исклучителна положба, а неговиот двор се претворил во средиште на целиот политички систем. Секој двор имал темелно развиен сопствен дворски церемонијал (бонтон), а дворјаните биле распоредени по чинови и рангови.

Литература

[уреди | уреди извор]
  • Elias, Norbert (1983) [1969]. The Court Society [Die höfische Gesellschaft]. trans. Edmund Jephcott. Oxford. On the sociology of the court, првично завршен во 1939 г.
  • Fox, Robin Lane (1973). Alexander the Great.
  1. „Royal court - Definition, Meaning & Synonyms“. Vocabulary.com (англиски). Посетено на 2025-08-18.
  2. Kensington Palace:Dressing for Court

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]