Монада (филозофија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Приказ на питагорејската монада[1]

Монада (од грч. μονάς, монас = „единица“),[2], според Питагорејците, е поим за Бог или првичното исконско битие, или пак севкупноста на сите битија. Тука се мисли на изворот на нештата (прапочетокот) или Едното, кое е нешто неделиво.

Според Питагорејците, создавањето на бројни низи е поврзано со геометриските објекти (фигури, тела) и космогонијата.[3] Според Диоген Лаертиј, од монадата произлегла дијадата; од неа, броеви; од броевите, точки; потоа линии, дводимензионални ентитети, тридимензионални ентитети, тела, кулминирајќи со четирите елементи земја, вода, оган и воздух, кои пак се ‘граѓата’ од кои е направен сиот свет.[4][5]

Историја[уреди | уреди извор]

Според Иполит Римски, ова гледиште е инспирирано од Питагорејците, кои првото нешто што постоело го нарекувале монада, од се изродила дијадата, од која произлегле броевите, од кои произлегла точката, од која произлегла линијата или конечноста итн.[6] Питагорејските и платонистичките филозофи како Плотин и Порфириј го осудувале Гностицизмот (погледајте Неоплатонизмот и Гностицизмот) за нивниот приод кон монадата или едното.

Понова филозофија[уреди | уреди извор]

Во подоцнежните периоди, поимот „монада“ го презеле и мислители како Џордано Бруно, Лајбниц (Монадологија) и други.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Hemenway, стр. 56.
  2. Compact Oxford English Dictionary.
  3. Sandywell, стр. 205. Создавањето на бројните низи за Питагорејците, со други зборови, претставува создавање на објекти во геометријата, но истовремено и космогонија. Бидејќи нештата се еднакви на броеви, првата единица, при создавањето на бројните низи, истовремено го создава и физичкот универзум. (KR: 256) По ова гледиште, ‘монадата’ или ‘Едното’ веднаш се поистоветувала со божествениот постанок (потекло) на стварноста.
  4. Диоген Лаертиј, „Животите и мислењата на славните филозофи
  5. Оваа питагорејска космогонија е во извесна смисла слична со краткиот пасус таоистичката книгаДао де ѓинг“ на Лао-це: „Од таото добиваме едно, од едното добиваме две, од двете добиваме три, и од три добиваме десет илјади нешта.“ (道生一、一生二、二生三、三生萬物。) Тао Те Кинг, Глава 42
  6. Диоген Лаертиј, „Животите и мислењата на славните филозофи“.

Извори[уреди | уреди извор]

  • Hemenway, Priya. Divine Proportion: Phi In Art, Nature, and Science. Sterling Publishing Company Inc., 2005, стр. 56. ISBN 1-4027-3522-7
  • Sandywell, Barry. Presocratic Reflexivity: The Construction of Philosophical Discourse C. 600-450 BC. Routledge, 1996.