Момчињата од Бразил

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Момчињата од Бразил (англиски: The Boys From Brazil) - американски филм од 1978 година, во режија на Френклин Ј. Шафнер, според сценариото на Хејвуд Гоулд, засновано на романот на Ира Левин. Главните улоги ги играат: Лоренс Оливие, Грегори Пек, Џејмс Мејсон, Лили Палмер, Ута Хаген, Бруно Ганц, Џереми Блек и Стивен Гутенберг. Филмот бил номиниран за наградата „Оскар“ во категориите за најдобар глумец (Оливие), за најдобра музика и за монтажа, а Грегори Пек бил номиниран за наградата „Златен глобус“. Ликот на Езра Либерман е заснован врз познатиот ловец на нацисти Симон Визентал.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Младиот ловец на нацисти Бари Колер (го игра Гутенберг) открива дека злогласниот доктор Менгеле и неговите помагатели се кријат во Парагвај и дека тие планираат да убијат 24 мажи постари од 65 години во разни делови на Европа и Америка. За своето откритие го известува искусниот ловец на нацисти Езра Либерман (го игра Оливие) кој, по ненадејниот прекин на врската со Колер, се сомнева дека му се случило нешто лошо. Тој спроведува сопствена истрага при што доаѓа до шокантни откритија во врска со намерите на Менгеле...[2]

Наводи[уреди | уреди извор]