Момчило Ивановски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Момчило Андреев Ивановски ( 1923 во Тетово1945 во Тетово) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Завршил основно училиште, а потоа изучил занает. Работел како столар. Подоцна се преселил и живеел во Скопје. По ослободувањето на Македонија стапил во составот на XV македонски корпус и учествувал во борбите за дефинитивното ослободување на цела Југославија. Во околината на Белград завршил тримесечна воено-политичка настава. Учествувал во сите борби во Срем и Хрватска. Во битките на приодите кон Загреб бил тешко ранет. По лечењето во партизанските болници, бил упатен на лечење во Тетово. Од последиците на раните, починал во 1945 година.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 65. На |first= му недостасува |last= (help)