Момчето од кабелската телевизија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Момчето од кабелската телевизија (англиски: The Cable Guy) е американски филм, во режија на Бен Стилер. Главните улоги ги толкуваат: Џим Кери и Метју Бродерик. .

Содржина[уреди | уреди извор]

Стивен Ковач е просечен човек, кој е во депресија поради тоа што неодмана го напуштила девојката Робин, се вселува во нов стан. Кога ќе се договори со кабелската телевизија да му испратат инженер кој ќе му го инсталира приклучокот, се појавува претерано пријателски настроениот Чип Даглас. Уште од првиот момент, напорниот Чип се однесува како Стивен да му е најголемиот пријател во животот. Кога најпосле, Стивен ќе му каже дека не му е пријател, Чип наеднаш станува злобен и одмаздољубив.[1][2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Антена, број 859, 12.12.2014, стр. 15.
  2. Антена, број 862, 2.1.2015, стр. 25.