Момчето молња

Од Википедија — слободната енциклопедија
Момчето молња
АвторЈагода Михајловска-Георгиева
ЗемјаМакедонија
Јазикмакедонски
ИздавачИздавачка куќа Три
Издадена
2015
Медиумпечатено издание
Страници192
ISBN978-608-230-403-8

Момчето молњароман за деца и возрасни од Јагода Михајловска-Георгиева. Главна улога во романот е момче со одвај десет години, духовит е, шармантен, чувствителен, прониклив, љубопитен, со бујна фантазија и со авантуристички дух. Таков е и неговиот роман – засмева, растажува, замислува. Забавна и возбудлива е дружбата со него. Јунаците, местата и настаните се автентични, нема случајни сличности. Раскажувајќи ја својата вистинска приказна, момчето Молња извикува:

– Еј, мајки и татковци, баби и дедовци, внимание ,молам! И ние вас ве растеме додека пораснуваме. Сте забележале? Да? Не? Можеби? Проверете. Ако внимателно нè погледнете, и себе појасно ќе се видите. Така полесно ќе се разбираме[1].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Момчето молња“. Архивирано од изворникот на 2018-09-03.