Молекуларен мотор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прoвод на белковини
моторни белковини Анимација
Симулација на молекуларна динамика на синтетички молекуларен мотор составен од три молекули во нанопора (надворешен пречник 6,7 nm)

Молекуларните мотори се биолошки молекуларни машини кои се неопходни при движењето кај живите организми. Општо земено, моторот може да се дефинира како направа која троши енергија во една форма и ја претвора во движење или механичка работа. На пример, многу молекуларни мотори засновани на белковини ја користат хемиската енергија ослободена од хидролизата на ATP за да изведат механичка работа. Во однос на енергетската ефикасност, овој тип на мотор може да биде супериорен на денешните мотори создадени од човекот. Една важна разлика меѓу молекуларните мотори и макроскопските мотори е дека молекуларните мотори дејствуваат во бања, средина во која флуктуациите од термалната бучава се значителни.

Примери[уреди | уреди извор]

Некои примери на биолошки важни молекуларни мотори се:

  • Цитоскелетни мотори
  • Полимеризациски мотори
    • Полимеризацијата на актинот дава сили и може да се користи за пропулзија. Притоа се користи ATP.
    • Полимеризација на микротубулите, при што се користи GTP.
    • Динаминот е одговорен за одделувањето на клатринските пупки од цитоплазматичната мембрана. Притоа се користи GTP.
  • Ротирачки мотори:
    • Фамилијата на FoF1-АТФ-синтаза белковини ја претвора хемиската енергија од ATP во електрохемиска потенцијална енергија на протонски градиент долж мембраната или обратно. Катализата на хемиската реакција и движењето на протоните се спарени меѓусебно преку механичката ротација на делови од комплексот. На овој начин се синтетизира ATP во митохондриите и хлоропластите, а ваков механизам се среќава и при испумпувањето на протони долж мембраната на вакуолите[1]
    • Бактериското камшиче одговорно за пливањето на E. coli и други бактерии делува како ригиден пропелер кој добива моќ од ротирачки мотор. Овој мотор е придвижуван од текот на протони низ мембрана, веројатно користејќи сличен механизам на тој од Fo моторот при синтезата на ATP.
  • Мотори на нуклеинска киселина
  • Од страна на хемичарите се создадени синтетички молекуларни мотори кои ја поттикнуваат ротацијата.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Tsunoda SP, Aggeler R, Yoshida M, Capaldi RA (2001). „Rotation of the c subunit oligomer in fully functional F1Fo ATP synthase“. Proc. Natl. Acad. Sci. U.S.A. 98 (3): 898–902. Bibcode:2001PNAS...98..898T. doi:10.1073/pnas.031564198. PMC 14681. PMID 11158567.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)