Прејди на содржината

Мокро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мокро
Λιβαδερό
Мокро is located in Грција
Мокро
Мокро
Местоположба во областа
Мокро во рамките на Серфиџе-Велвендо
Мокро
Местоположба на Мокро во Кожанскиот округ и областа Западна Македонија
Координати: 40°2′N 21°57′E / 40.033°N 21.950°E / 40.033; 21.950
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКожански
ОпштинаСерфиџе
Општ. единицаМокро
Надм. вис.&10000000000000980000000980 м
Население (2021)[1]
  Вкупно912
Час. појасEET (UTC+2)
  Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Мокро (грчки: Λιβαδερό, Ливадеро или Χορτολίβαδο, Хортоливадо[2]; до 1928 г. Μόκρο, Мокро[3]) — село во Кожанско, Егејска Македонија, денес во општината Серфиџе на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 912 жители (2021).

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во падините на планинита Амар Беј, на 18 км југозападно од градот Серфиџе и јужно од селото Метаксас, на надморска височина од 980 м.[2]

Историја

[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство

[уреди | уреди извор]

Селото за првпат е споменато во кодикот на манастирот „Св. Преображение“ на Метеора од 1592–1593 г., во кој се споменуваат имињата на верници од селото Мокрос (Μόκρος).[4]

Според османлиски дефтер од 1528 г. во Мокро имало 37 домаќинства со 167 жители.[5]

Во XIX век Мокро било грчко село во Серфиџенската каза на Серфиџенскиот Санџак.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Мокро е претставено како чисто грчко село во Серфиџенската каза на Серфиџенскиот Санџак со 55 куќи.[6]

Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Мокрон (Μόκρον) живееле 600 Грци христијани.[7]

Во Грција

[уреди | уреди извор]

За време на Првата балканска војна, на 9 октомври 1912 г. грчката војска ја поразила отоманската во битка кај селото. По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Селото било испуштено во пописот од 1913 година, но при формирањето на општините во 1918 г. е заведено со 909 жители, кои во 1920 г. се зголемиле на 993 лица.[2] Во 1928 година, името на селото било променето во Ливадеро (Λιβαδερό).[3]

Места во заедницата Мокро преименувани со службен указ на 6 август 1969 година
Име Име Ново име Ново име[8] Опис[9]
Вакуфски Чаир Βακούφικο Τσαΐρι Агии Апостоли Άγιοι Άπόστολοι месност на ЈИ од Мокро
Селим Σελήμ Григари Вриси Γρήγαρη Βρύση извор на ЈЈЗ од Мокро
Арименија Άριμένια Рахула Ραχούλα врв на Ј од Мокро и на ЈЗ од Бисерица (1.045 м)

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Селото поседува богати обработливи површини, за што се должи природниот пораст на населението. Жителите произведуваат компири, жито, тутун и други земјоделски производи, а поради пространите пасишта се занимаваат и со сточарството.[2]

Население

[уреди | уреди извор]

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 1.491 1.714 2.185 1.638 1.517 1.588 1.645 1.232 912
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Општествени установи

[уреди | уреди извор]
  • Полициска станица

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Во 1918 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 52 квадратни километри.[2] Општината Мокро била приклучена во општината Серфиџе во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Серфиџе-Велвендо.

Селото припаѓа на општинската единица Мокро со седиште во селото, која припаѓа на поголемата општина Серфиџе, во округот Кожани. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Мокро, во кој е единствено село.

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]

Цркви

Личности

[уреди | уреди извор]

Родени во Мокро

  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 1 2 3 4 5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 321.
  3. 1 2 „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 6 август 2025.
  4. „Φρούριο Κοζάνης“. Μικρόβαλτο Κοζάνης. Архивирано од изворникот на 2014-12-27. Посетено на 6 август 2025.
  5. Τσότσος, Γεώργιος. Πληθυσμιακές μεταβολές στους οικισμούς της περιοχής Κοζάνης-Σερβίων από το 1528 στο 1913 (грчки). Κοζάνη: Εταιρεία Δυτικομακεδονικών Μελετών. стр. 97. Посетено на 6 август 2025.
  6. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 59.
  7. Σπανός, Κώστας (2004), Η απογραφή του 1904 του Σαντζακίου (грчки), Θεσσαλονίκη: University Studio Press, стр. 516, ISBN 9789601212951 Занемарен непознатиот параметар |заглавие= (help)
  8. „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 483. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 147): 1053. 1969. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)
  9. По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“