Мокрени (Леринско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Оваа статија се однесува за леринското село Мокрени, за селото во Македонија, видете ја статијата Мокрени
Мокрени
Βαρικό
Поглед кон селото Мокрени од планината Вич
Поглед кон селото Мокрени од планината Вич
Мокрени is located in Грција
Мокрени
Мокрени
Местоположба во областа
Мокрени is located in Лерин (општина)
Мокрени
Местоположба на Мокрени во општината Лерин и областа Западна Македонија
Координати: 40°32′N 21°30′E / 40.533° СГШ; 21.500° ИГД / 40.533; 21.500Координати: 40°32′N 21°30′E / 40.533° СГШ; 21.500° ИГД / 40.533; 21.500
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругЛерин
ОпштинаСуровичево
Општ. единицаМокрени
Надм. вис.&10000000000000750000000750 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно638
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Мокрени (грчки: Βαρικό, Варико; до 1926 г. Μόκρενη или Μόκραινα, Мокрени или Мокрена[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Суровичево, во Западна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа источно од градот Кајлари и југозападно од Суровичево, на надморска височина од 750 метри.[3] Сместено е во областа Сариѓол.

Историја[уреди | уреди извор]

Селото традиционално гравитира кон Костур, а не кон Лерин и кон крајот на XIX век е дел од Клисурската нахија на Костурската каза во рамките на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

И покрај тоа што земјиштето е прилично сиромашно, населението се занимава со земјоделство и сточарство, а главните производи се житото и гравот (надалеку е познат мокренскиот грав), како и сточарските преработки.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Мокрени отсекогаш било населено со Македонци и во тој поглед сѐ до денес нема претрпено никакви промени. К’нчов го наведува како село со 1.180 жители, а Милоевиќ со 200 македонски куќи. Според официјалните пописи, во 1913 година имало 764 жители, во 1920 година 735, во 1928 година 924, а во 1940 година 1.247 жители. Бројот на жителите меѓу двете светски војни забележува постојан раст, иако е забележано емигрирање во прекуокеанските земји и во Бугарија. Во Втората светска војна и во Граѓанската војна во Грција, Мокрени дало 150 жртви, а селото го напуштиле повеќе семејства и поединци, кои се засолниле во Македонија и во некои источноевропски земји. Поради тоа, се намалил бројот на населението, така што при пописот во 1951 година се евидентирани 798 жители. Во наредниот период бројот на жителите варира. Така, во 1961 година се качил на 863, за да се намали, поради иселувањата во прекуокеанските земји, во 1971 година на 799, во 1981 година се покачил на 811, а во 1991 година имало 809 жители.[3]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 698 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 638 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 1.247 798 863 799 811 809 698 638
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на истоимената општинската единица, која припаѓа на поголемата општина Суровичево, во округот Лерин.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. 
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μόκραινα -- Βαρικό
  3. 3,0 3,1 3,2 Симовски, Тодор (1998). „Лерински округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. Скопје: Институт за национална историја. стр. 162. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]