Мокра Гора

Од Википедија — слободната енциклопедија

Мокра Гора е планина која се наоѓа во југозападниот дел на Србија, на административната граница со покраината Косово и Метохија, меѓу Ибра и Бел Дрим. Највисокиот врв на планината се вика Поглед (2154 м). По должината на планината се наоѓа езерото Газивода кое било формирано со преградување на реката Ибар. Мокра Гора се одликува со речиси недопрена природа. Сепак од доаѓањето на меѓународните сили, не постои контрола на шумите, така што има големи области со целосно голи поради бесправната сеча.

Животински свет: волк, лисица, дива свиња, мечка, елен, зајак и дива мачка. На надморска височина од над 1500m живее тетребот. Тој може да се види само од 20 април до 10 мај.

Растителен свет: бука, јавор, јасика, бреза, ела, смрека, бор, и други.

Наводи[уреди | уреди извор]