Моклиште (Кавадаречко)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Моклиште
Моклиште is located in Македонија
Моклиште
Местоположба на Моклиште во Македонија
Координати 41°23′15″N 22°02′41″E / 41.38750° СГШ; 22.04472° ИГД / 41.38750; 22.04472Координати: 41°23′15″N 22°02′41″E / 41.38750° СГШ; 22.04472° ИГД / 41.38750; 22.04472
Општина Кавадарци
Население нема жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 411 м
Моклиште на општинската карта
Моклиште во Општина Кавадарци.svg

Атарот на Моклиште во рамките на општината

Моклиште — историско село во Кавадаречко, на 6 км југоисточно од Кавадарци, во непосредна близина на селото Ваташа, на десниот брег на реката Луда Мара.

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век Моклиште ѝ порипаѓало на Тиквешката кааза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Моклишта имало 140 жители, сите Македонци христијани.[1][2]

На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го наведува Моклишта (Moklišta) како христијанско село населено со Македонци.[1][3]

Денес[уреди | уреди извор]

Денес Моклиште е познато излетничко и рекреативно место во Тиквешијата. Каде кавадарчани најчесто го слават 1 мај. Поради широките и рамни тревнати ливади, близината на реката Луда Мара и споменикот на 12-те убиени ваташки младинци, Моклиште исто така е и позната дестинација за екскурзии на основни и средни училишта од другите градови во Македонија.

Преку хидросистемот Моклиште, изграден во 1950 г. градот Кавадарци се снабдува со вода за пиење.

Во селото подигнат споменик на 12-те младинци од Ваташа стрелани од бугарскиот окупатор во 1943 г.

Моклишки манастир „Свети Никола“[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Моклишки манастир.

Во Моклиште се наоѓа и познатиот Моклишки манастир, посветен на Свети Никола, подигнат во 1595 г. од страна на зографот Никола и неговите синови од селото Тимјаник.

Во Моклишкиот манастир во XVII век мошне успешно работи ќелијното училиште, а првите писмени луѓе во овој крај своето описменување го стекнале токму во овој манастирски комплекс. Манастирот имал богата библиотека која според Јордан Хаџи Константинов - Џинот, кој бил учител во селото Ваташа изнесувала околу 30 товари книги и ракописи. Со запустувањето на Полошкиот манастир монасите се преселиле во овој манастир и ја продолжиле својата работа.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]