Прејди на содржината

Моите мили добротвори

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Моите мили добротвори“ (српскохрватски: Moji dragi dobrotvori) – филм на режисерот Ванча Кљаковиќ од 1970 година. Авторка на сценариото е Зора Дирнбах, монтажата е дело на Невенка Вранаричиќ, Крешо Грчевиќ е директор на фотографијата, а главните улоги ги играат: Реља Башиќ, Иво Сердар, Звонко Лепетиќ, Крешимир Зидариќ, Златко Мадуниќ, Шпиро Губерина, Круно Валентиќ и Андреј Кљаковиќ.[1]

Синопсис

[уреди | уреди извор]

Бегајќи од полицијата, двајца измамници доаѓаат во едно мало место и внесуваат немир меѓу жителите кои, како што се открива, воопшто не се одликуваат со висок морал и чест.