Мод Адамс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мод Адамс 2019
Мод Адамс 2019

Мод Адамс (родено име Мод Солвејг Кристина Викстрем; родена 12 февруари 1945 година, Лулео, Шведска) е шведска глумица. Позната е по тоа што ја играла улогата на девојка на Џемс Бонд двапати - во филмовите Човекот со златен пиштол (1974) и Октопод (1983). Таа, исто така, се појавила и во епизоди на филмот Вид убиство.

Биографија[уреди | уреди извор]

Почеток[уреди | уреди извор]

Родена на 12 февруари 1945 година во семејството на Густав и Тајра Викстрем. Мајка и била даночен инспектор, татко и бил финансиски ревизор. Во 1963 година, нејзината фотографија била испратена на натпревар за убавина што го одржувало списанието Алерс. Адамс победила на овој натпревар и ја започнала својата манекенска кариера.

Кариера[уреди | уреди извор]

Адамс започнала да работи за агенцијата за моделирање Форд, се преселила во Париз, а потоа во Њујорк. Во тоа време, таа била најплатената и најбараната манекенка во светот. Кариерата како филмска глумица за неа започнала во 1970 година со филмот „Момци во бандата“, каде играла манекенка. Покрај со Џејмс Бонд, таа учествувала и во снимање на многу повеќе телевизии и филмови - Ролербол, Џејн и изгубениот град, Моќта на страста, Мистериозната смрт на Нина Шеро, итн.

Личен живот[уреди | уреди извор]

Во 1966 година се омажила за фотографот Рој Адамс, во 1975 година бракот се распаднал. На 23 мај 1999 година, таа се омажила повторно, за судијата Чарлс Рубин. Немале деца. Сопственик е на калифорниската козметичка компанија Скандинавиан Биокосметикс, ЛЛЦ[1]. Полиглот е - зборува шведски, англиски, германски, француски и италијански.[2]

Филмографија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „The Home of James Bond — Maud Adams“. Архивирано од изворникот на 2008-05-18. Посетено на 2008-05-18. Занемарен непознатиот параметар |dead-url= (help); no-break space character во |title= во положба 23 (help)
  2. Bondstars.com — Maud Adams