Модерни времиња (филм од 1936)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Модерни времиња (англиски: Modern Times) - американски филм од 1936 година, во режија на Чарли Чаплин, кој е и автор на сценариото. Главните улоги ги играат: Чарли Чаплин, Полет Годар, Хенри Бергман, Тајни Сандфорд и Ал Ернест Гарсија. Филмот трае 87 минути и бил снимен во црно-бела техника и со моно-звук. Во 2007 година, Американскиот филмски институт (American Film Institute) го поставил филмот на 78. место на списокот на најдобрите филмови на сите времиња.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Еден фабрички работник (го игра Чаплин) никако не може да го фати ритамот на производната лента. Темпото на работата е убиствено, а директорот (го игра Гарсија) ги надгледува сите работници, со цел да ја зголеми продуктивноста. Не можејќи да го издржи притисокот, работникот полудува. По излегувањето од болницата, тој случајно се наоѓа меѓу демонстранти и по грешка ќе биде уапсен. Во затворот, сосема случајно, тој успева да го спречи бунтот на затворениците и да ги спаси полицајците, по што ужива посебен третман во затворот. Набргу, него го ослободуваат и му даваат препорака со која може лесно да најде работа. Најпрвин, тој се пријавува во бродоградилиштето, кое веднаш го напушта, предизвикувајќи голема штета. Не можејќи да се снајде во цивилниот живот, тој прави сè да се врати во затворот. Така, скитајќи низ градот, тој се пријавува себеси како крадец, со намера да ја спаси една сиромашна девојка (ја игра Годар), која постанала бездомник откако нејзиниот татко бил убиен.
Двајцата се уапсени, но успеваат да избегаат од полициското возило. Потоа, тие наоѓаат една напуштена колиба во која се населуваат, со намера да најдат работа и да оформат семејство. Тој повторно се вработува во фабриката во која работел порано, но за време на штрајкот на работниците, тој случајно повредува еден полицаец, така што повторно е уапсен и затворен. Девојката, пак, успева да најде работа како танчерка во една кафеана, а по излегувањето од затворот, таму се вработува и фабричкиот работник. Меѓутоа, во кафеаната доаѓаат полициските детективи, кои имаат налог да ја уапсат девојката. Девојката и фабричкиот работник успеваат да им побегнат на детективите и заедно заминуваат во потрага по поубав живот.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]