Модерна литература на ирски јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Иако ирскиот јазик се употребувал како литературен јазик повеќе од илјада години и во форма разбирлива за современите зборувачи од најмалку шеснаесеттиот век, се смета дека ирската модерна литература започнала со преродбеното движење во 1896.

Рана преродба[уреди | уреди извор]

На почетокот, преродбениците дале предност на стилот употребен во последната фаза на класичниот ирски јазик, особено со Џефри Китинг (Seathrún Céitinn) во неговата „Историја на Ирска“ (Foras Feasa ar Éirinn). Меѓутоа, ирскиот јазик на Китинг набргу бил отстранет од познатите дијалекти ,особено поддржано од свештеникот и изворен говорник од околината на Кулиа-Маскери (Coolea-Muskerry), Питер Ју Леогер (Peadar Ua Laoghaire), кој во неколку серии во 1890те години го издал фолклорниот роман „Шајдна“ (Séadna), под силно влијание на разкажувачката традиција во Гелтахт (Gaeltacht). Во неговите други дела се влкучува и „Мојата приказна“(Mo Scéal Féin) и преразкажувања на класични ирски приказни, како и од неоддамна преиздадената адаптација на „Дон Кихот“.

Ју Леогер набргу бил наследен од Патрик Пирс (Patrick Pearse), кој требал да биде погубен како еден од лидерите на Велигденското востание. Пирс научил ирски во Розмек (Rosmuck) и пишувал чувствителни приказни за ирско-говорните провинции, како и националистички песни во покласичен Китинг стил.

Патрик О`Конер (Pádraic Ó Conaire) пишувал реалистични, дури и натуралистички приказни за животот на ирските емигранти во Англија на крајот од векот. Тој, исто така, бил и еден од првите луѓе кој го користел ирскиот јазик во новинарството. Неговата најзначајна книга е неговиот единствен роман „Прогонство“ (Deoraíocht), кој е комбинација на реализам и абсурдни елементи. Починал во 1920те, на помалку од педесет години. О`Конер станал нешто како митска фигура на фолклорот.


Пишувања од Гелтахтот[уреди | уреди извор]

Во 1920те во Гелтахт отишле истражувачи за да го снимат животот на домашните зборувачи со автентичен дијалект. Најпознатите книги од оваа подрачје се автобиографиите од островите Бласкет, „Пег“ на Пег Сејерс (Peig Sayers), „Островјанин“ (An tOileánach ) на Томас О`Крајомптин (Tomás Ó Criomhthain), и „Дваесет години растење“ (Fiche Bliain ag Fás) од Морис О`Саливан (Muiris Ó Súilleabháin).

Несомнено, најинтересна од автобиографиите на Гелтахт е „Големото тркало на животот“ (Rotha Mór an tSaoil) на Мајкл Мек Гоуан (Micí Mac Gabhann), преведена на англиски како „ The big wheel of life“ , напишана на алстерски ирски јазик. Како што покажува англискиот наслов, таа се занимава со златната треска на Клондајк, „ ruathar an óir “, на крајот од деветнаесеттиот век, но исто така и со тешкотиите кои ирските трагачи по злато морале да ги истрпат на нивниот пат до „ tír an óir “, златната земја.

Друг новодојденец во 1920те бил плодниот писател на рурални романи, Џејмс О`Грин (Séamus Ó Grianna), (псевдоним „Мери“). Негов најзначаен придонес во модерната литература можеби е фактот што го убеди својот брат Џозеф (кој на ирски се нарекувал Seosamh Mac Grianna) да пишува на ирски. Џозеф не бил толку плоден и успешен писател како брат му, а во 1935 бил погоден од тешка депресивна психоза, па остатокот од својот живот, повеќе од педесет години, морал да го помине во психијатриска болница. Како и да е, пред психозата тој бил способен да го заврши романот за доаѓањето на модерните времиња во неговиот сопствен Гелтахт, наречен „Големиот тапан“ (An Druma Mór), како и интроспективните патописи „Мојот сопствен начин“ (Mo Bhealach Féin). Неговиот последен роман „Ако птицата имаше опаш“ (Dá mBíodh Ruball ar an Éan), студија за отуѓувањето на човек од Гелтахт во Даблин, остана недовршена, предложен факт од насловот на книгата.

Двајцата браќа биле признати преведувачи. Во прилог на „Ајванхо“ на Волтер Скот на ирски, меѓу делата на Џозеф се вбројуваат и ирските верзии на „Лудоста на Алмајер“ на Џозеф Конрад, на ирски Díth Céille Almayer, како и „Адригол“ на Питер Донел, на ирски Eadarbhaile.



Ирско-јазичен модернизам[уреди | уреди извор]

Модернистиччката литература понатаму била развиена од Мартин О`Кадин (Máirtín Ó Cadhain), воспитувач од Конемара, кој беше литерат на ирски јазик ангажиран par excellencе. Тој не бил активен само во Ирската републиканска армија ИРА(IRA), тој ги поминал годините на Вонредниот случај, односно годините за време на Втората светска војна, во логор во областа Килдер (Curach Chill Dara) заедно со други луѓе од ИРА. Во логорот го напишал модернистичкото ремек-дело, романот „Глина и гробишта“ (Cré na Cille). Потсетувајќи на некои латино-американски романи ( особено „Redoble por Rancas“ од Manuel Scorza или „Pedro Páramo “ од Juan Rulfo), овој роман е нишка од гласовите на мртвите кој зборуваат од црковниот двор, каде што одат засекогаш и расправаат за своите поминати животи во нивните села. Романот е громогласно отфрлање на романтичниот изглед на Гелтахтот, карактеристичен за раните години на јазичната преродба. О` Кадин, исто така, јасно покажува дека постојат социјални конфликти внатре во Гелтахтите.

Во прилог на „Глина и гробишта“, Мартин О`Кадин напишал неколку збирки раскази ( еден „краток“ расказ, „ Fuíoll Fuine “ во збирката „Серија две згради“(An tSraith dhá Tógáil) може да се вброи во краток роман): Idir Shúgradh agus Dáiríre, An Braon Broghach, Cois Caoláire, An tSraith dhá Tógáil, An tSraith Tógtha, An tSraith ar Lár. Важен дел од неговите дела се неговата журналистика, есеи и памфлети, кои може да се пронајдат во збирки како Ó Cadhain i bhFeasta, Caiscín, и Caithfear Éisteacht. Мартин О`Кадин бил одличен стилски иноватор. Иако ирскиот јазик бил всушност неговиот роден дијалект, дури и во такви контексти каде би бил соодветен помалку дијалектен стил, тој не се плашел да го збогати својот ирски со конструирани неологизми и заемки од други дијалекти, вклучувајќи го и шкотско-келтскиот.

Модернизмот и обновувањето, исто така, биле претставени од неколку писатели кои не биле по потекло од Гелтахт, како Јуџин О`Туариск (Eoghan Ó Tuairisc), Дирмеид О`Саливан, (Diarmuid Ó Súilleabháin) и Брендан О`Доблин (Breandán Ó Doibhlin). О`Туариск пишувал поезија и драми, како и два значајни романи за историски теми: „Нападот“ (L'Attaque) и „Понеделникот“ (Dé Luain). Дирмеид О`Саливан е автор на реалистичен приказ на де факто дилемите на раазведен човек во земја каде што разводите официјално не постојат, „Исплачи се“ (Caoin Thú Féin), како и неколку други романи, вклучувајќи и затворски весник „Ciontach“. Бренадан Доблин воведел интроспективен начин на пишување на ирски заедно со Нил Мејдин (Néal Maidine) и Тина Оиш (Tine Oíche).



Современа литература на ирски јазик[уреди | уреди извор]

Помеѓу најзначајните современи писатели на ирски јазик, кој исто така се изворни говорници, се вбројуваат Патрик Бретнач (Pádraic Breathnach), Мајкл О`Коноли (Micheál Ó Conghaile), Патрик О`Шиобен (Pádraig Ó Cíobháin) и Кахал О`Серчаи (Cathal Ó Searcaigh). Првите тројца се романсиери и писатели на кратки раскази. Поет со истакната способност во смисла на јазик и имагинација е Дирмид Џонсон (Diarmuid Johnson), чија збирка поезија „Искусно око“ (Súil Saoir) сè уште чека на соодветни критики и благодарност во книжевни кругови за нејзината потполна длабочина на визија и разбирање за ирската книжевна традиција, една од неколкуте традиции кои даваат информации за јазикот и метафората на збирката. Една од карактеристиките на Џонсон која најмногу се издвојува е способноста да го остави некажано (со зборови) она што повеќето други поети залудно се борат да го кажат. Ова го постигнува преку неговата способност да зборува преку сликовито изложување. Тоа се слики кои тој ги слика врз пејзаж кој најчесто не ги избегнува оние кои се незапознаени со богатиот гоблен од пишување на ирски јазик кој започна да се ткае за време на староирскиот период (700-900) и трае до денешен ден во ирскиот јазик на Гелтахтот. Делата на Кахал О`Серчаи главно се лирика, меѓутоа негова најзначајна и најдостижна креација се дефинитивно неговите привлечни патописи за Непал, „Престој во Непал“ (Seal i Neipeal). Лоркан С. О`Трејси (Lorcán S. Ó Treasaigh) напишал популарна автобиографија наречена „Што е англискиот јазик?“ (Céard é English?) пораснат како роден ирски говорник во Даблин. Опишан од Томас Мек Сајмон како прв пост-модернистички роман на ирски јазик, романот на Колм О`Снодеи „Пет Цевката“ (Píobaire), ги отсликува деновите на Пет, налудничав уличен свирач од Даблин и неговите авантури по улиците на Даблин во деведесетите.