Мобилно банкарство

Од Википедија — слободната енциклопедија

Мобилно банкарство (англиски: Mobile Banking) — нова форма на банкарско работење, овозможена од современите технолошки достигнувања. Овој тип на банкарство сè повеќе се употребува, а на корисниците им овозможува олеснет пристап до банкарските услуги во секое време, без потреба да чекаат на шалтери. Мобилното банкарство ја претставува секоја трансакција која е од парична вредност, се реализира преку мобилна телекомуникациска мрежа и е составен дел на електронската трговија.

Со мобилната технологија е овозможено купување на разни стоки и услуги, банкарски трансакции, пристап до платени содржини и информации од било каде и во секое време. Генератори на развојот на мобилните услуги се: масовен пазар на мобилни телефони, брзиот развој на интернетот и електронската трговија, обука, опрема и уреди за мобилни телефони, нови принципи на тарифирање на услугите. Притоа, мобилните оператори тесно соработуваат со банките и компаниите кои издаваат кредитни картички, со цел да се развие механизам на м-трговија. Мобилното банкарство се разликува од плаќањата преку мобилен телефон, кои вклучуваат употреба на мобилен уред за да се плати доброто или услугата, слично како користење на кредитна картичка.

Најраните мобилни банкарски услуги се нуделе преку СМС-порака, услуга добро позната како „СМС-банкарство“. Во 1999 година, со појавата на паметните телефони со WAP поддршка, која овозможила пристап на интернет, првите европски банки почнале да нудат мобилно банкарство на оваа платформа за своите клиенти. Мобилното банкарство од неодамна најчесто се врши преку СМС или преку интернет на мобилен телефон. Брзорастечкиот успех на многу компании кои произведуваат мобилни телефони засновани на IOS или Android оперативни системи, доведе до зголемување на употребата на специјални програми наречени апликации, преземени на мобилниот уред. Достигнувањата во веб-технологиите, како што се HTML5, CSS3 и JavaScript предизвикале повеќе банки да лансираат мобилни услуги преку апликации.

Концептуален модел на мобилното банкарство[уреди | уреди извор]

Според концептуалниот модел на мобилното банкарство, може да се каже дека тоа се состои од три меѓусебно поврзани концепти:[1]

  1. мобилно брокерство;
  2. мобилно сметководство;
  3. мобилни финансиски информативни услуги.

Повеќето услуги кои спаѓаат во првите две категории се засновани на трансакции, но и оние кои не се засновани на трансакции, т.е. кои се од информативна природа, сепак се од суштинско значење за вршење на трансакциите. Затоа, сметководствените и брокерските услуги најчесто се нудат во комбинација со информативните услуги.

Мобилни банкарски услуги[уреди | уреди извор]

Мобилните банкарски услуги можат да вклучат:

1. Информации за сметката:

  • Проверка на историјата на сметката
  • Мониторинг на орочените депозити
  • Пристап до кредитните извештаи
  • Пристап до извештаите за картички

2. Трансакции:

  • Трансфер на средства помеѓу поврзани сметки на клиентите
  • Плаќања за трети страни, вклучувајќи исплати и трансфери од трети страни

3. Поддршка:

  • Статус на барањата за кредити
  • Размена на податоци и пораки преку електронската пошта, вклучувајќи поднесување на жалби и следење на локацијата на АТМ.

Предности на мобилното банкарство[уреди | уреди извор]

Лична независност[уреди | уреди извор]

  1. Контрола од страна на корисникот
  2. Преку мобилниот телефон се доаѓа до множество услуги кои се прилагодени на корисникот

Лесно за користење[уреди | уреди извор]

  1. Спремно за употреба за неколку секунди
  2. Едноставно користење
  3. Сеопфатна услуги на клиентите

Подвижност[уреди | уреди извор]

  1. Способност да се комуницира секаде и во секое време
  2. Корисниците може да го носат својот уред каде и да одат
  3. Платформа за локализирани услуги

Сигурност[уреди | уреди извор]

  1. Тајност
  2. Мобилните уреди поддржуваат безбедна примена


Бројот на мобилни финансиски услуги во голема мера зависи од достапноста на мобилни платформи на кои ќе се извршуваат. Услугите што за првпат се појавиле биле фокусирани на голем број на клиенти и масовна употреба. Денес, постојат различни видови на финансиски услуги и може да се поделат на: банкарски услуги, брокерски услуги, инвестициски банкарски услуги, финансиски услуги и плаќање на сметки преку мобилни уреди.
Речиси сите поголеми банки имаат воведено мобилни банкарски услуги. Додека повеќето постари апликации спроведуваа како текст, двонасочен комуникациски протокол, повеќето од денешните апликации се засновани на WAP стандард. WAP дозволува мобилните уреди да комуницираат преку интернет со едноставно внесување на адресата на која сакате да пристапите. Претходните услуги беа засновани на информации, корисниците беа во можност преку своите мобилни уреди да направат проверка на состојбата на сметката, да го проверат статусот на нивната кредитна картичка или да добијат некои основни финансиски информации. Во поново време, банките почнуваат да ги комбинираат можностите за трансакции во своите услуги. Од овие услуги најчесто се користат плаќања на сметки, трансфер на средства и кредитни апликации.

Брокерските куќи исто така некои од своите услуги ги направија да се одвиваат преку мобилниот интернет. Независноста во врска со времето и местото на пристап ги направија овие услуги многу привлечни за оние што често тргуваат. Првично брокерските куќи не се во можност да понудат безбедни апликации, па тие се фокусирани на информатички-засновани апликации, како што се следење на вести, преглед на вредноста на акциите во реално време и проверка на сметка. Оваа понуда сè повеќе се проширува вклучувајќи едноставни трансакции како што се трговијата со акции и контрола на компјутери.

Инвестициските банки со тек на време станале свесни за потенцијалот што го носи mCommerce: како да се зголеми продуктивноста на своите вработени и да се додат нови услуги за институциите и приватните клиенти. На страната на продажбата и трговијата, инвестициските банки им нудат на своите клиенти "за секој случај" мобилни апликации кои во секое време ќе бидат поврзани со пазарот. Значајни новости, промени во цените и разни анализи можат да им бидат пренесени на корисниците без оглед на која локацијата се наоѓаат.
Додека банките и брокерските куќи биле првите кои ги нуделе своите услуги во безжичниот свет, другите финансиски институции, како што се осигурителни компании, заемодавците, советодавни институции и кредитни институции треба што е можно поскоро да почнат да развиваат мобилни бизнис апликации . Клучен предизвик за овие типови на компании е дека тие треба да ги нудат своите услуги за корисниците на мобилната телефонија во области кои се обично карактер на истражувањето. Добра можност претставуваат оние апликации кои ги информираат клиентите за понудите во било кое време.

Предизвици во развојот на мобилното банкарство[уреди | уреди извор]

Постојат многу предизвици поврзани со мобилното банкарство, но тие не треба да го спречат неговото понатамошно ширење. Секако, тие бараат соодветна санација за да се намали веројатноста за нивна појава и влијание. Некои од тие предизвици се:

Сигурност[уреди | уреди извор]

Безбедноста е еден од главните предизвици, бидејќи во мобилно банкарство, финансиските институции немаат контрола на мрежата и особено на уредите.
Еднократната лозинка (OTPs) е најновата алатка која се користи од страна на финансиските и банкарските даватели на услуги во борба против сајбер измамите. Наместо да се потпираат на традиционалните меморирани лозинки, OTPs се бараат од страна на потрошувачите секој пат кога ќе сакаат да извршуваат трансакции со користење на онлајн мобилно банкарство. Кога барањето е примено, лозинката е испратена на телефонот на потрошувачите преку СМС-порака. Лозинката е истечена, откако таа ќе се искористи.[1]

Вештини и искуства[уреди | уреди извор]

Уште еден предизвик поврзан со мобилно банкарство е дека многу вештини не се достапни на пазарот за дизајн, развој, тестирање, распоредување и одржување на мобилни банкарски канали и нивната безбедност. Препорачлива е употреба на одлични консултанти и организации.[2]

Интеграција[уреди | уреди извор]

Релевантен предизвик со мобилно банкарство е интеграцијата со останатите банкарски системи. Финансиските институции треба да ги интегрираат мобилните банкарски апликации со стотици други апликации кои се во нивната институција. Лансирањето на мобилната финансиска институција во јавноста може да реши некои од овие предизвици и да се овозможи побрзо лансирање на пазарот.

Мобилно банкарство: Макро пристап[уреди | уреди извор]

Во развиените земји, акцентот е ставен на развојот на мобилното банкарство, со цел да се следи и да се искористат брзиот развој на мобилната телефонија, која има големо влијание врз животот и работата на поединците. Во овие земји се настојува да се има поголема покриеност на мобилни корисници на мобилните банкарски услуги, зголемување на видовите на услуги понудени од оваа област, заедно со растот на квалитетот на услугите и задоволството корисници. Во блиска иднина, околу 87% од банките планираат да создадат мобилни сајтови, и 87% да лансираат (нови) мобилни услуги, споредувајќи со сегашните 59% и 47%, соодветно. Во исто време, околу 70% од банките се планира да развијат мобилни платформи. Банкарите се свесни за придобивките на мобилното банкарство, но истовремено се свесни дека инвестицијата е скапа и дека постојат граници за човековите ресурси (знаење).[3] Во земјите во развој, на мобилното банкарство се гледа како форма на услуга, која е на располагање за да се опфати и сиромашното население, кое досега не користело банкарски услуги, а во исто време како начин да се подигне квалитетот на банкарските услуги. Затоа, мобилното банкарство претставува поттикнување на развојот на банкарството и економијата. Со ова се нагласува важната улога на државата во создавањето на рамка за непречено одвивање на мобилното банкарство и отстранување на административните пречки за неговиот развој.[4]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Wikipedia, Mobile Banking
  2. Nicoletti B. Mobile banking - Evolution or revolution, 2014; p. 102.
  3. McKinsey, „What’s the future of mobile banking in Europe“, McKinsey Quarterly, October 2011.
  4. Marichal J., „Mobiles for Development: M-Banking“, Congress of the Latin American Studies Association, Rio De Janeiro, June 2009.