Моберлинген куп

Од Википедија — слободната енциклопедија

Моберлинген куп е годишен женски ракометен турнир организиран од Норвешката ракометна федерација. Норвешка плус три поканети државни репрезентации се натпреваруваат за титулата, играјќи секој против секого по еднаш во формат на таканаречен Бергеров систем.

Турнирот обично се одржува во ноември, пред Европското или Светското првенство. Првпат бил организиран во 2001 година, кога Норвешката ракометна федерација постигнала договор со мебелната компанија Моблеринген.[1]

Резултати[уреди | уреди извор]

Година Победник Вицешампион Трето Четврто
2001  Русија  Норвешка  Шведска  Југославија
2002  Данска  Норвешка  Франција  Шведска
2003  Норвешка  Унгарија  Данска  Русија
2004  Норвешка  Франција  Русија  Хрватска
2005  Данска  Русија  Норвешка  Кина
2006  Норвешка  Русија  Франција  Германија
2007  Норвешка  Русија  Данска  Ангола
2008  Норвешка  Русија  Данска  Исланд
2009  Норвешка  Русија  Романија  Хрватска
2010  Норвешка  Србија  Данска  Исланд
2011  Норвешка  Германија  Шведска  Шпанија
2012  Франција  Данска  Норвешка  Шведска
2013  Норвешка  Холандија  Јужна Кореја  Русија
2014  Данска  Норвешка  Франција  Србија
2015  Русија  Норвешка  Шведска  Холандија
2016  Норвешка  Данска  Русија  Франција
2017  Норвешка  Русија  Унгарија  Јужна Кореја
2018  Норвешка  Франција  Данска  Унгарија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Møbelringen Cup 2001“ (норвешки). Norwegian Handball Federation. Посетено на 4 January 2009.