Прејди на содржината

Многу важна личност (VIP)

Од Википедија — слободната енциклопедија
ВИП терминал на меѓународниот аеродром во Виена, кој често го користат познати личности и високи владини функционери.

Многу важна личност (на англиски Very Important Person - VIP) е личност на која и се доделуваат посебни привилегии поради високиот социјален ранг, статус, влијание или важност.[1] Терминот почнал да се користи повеќе по Втората светска војна, кога бил популаризиран од пилотите на RAF (Royal Air Forces) односно кралските воздухопловни сили.[2][потребни се дополнителни цитати]

Примери за VIP личности се познати личности, државни лидери или лидери на влади, други високи политичари или која било друга општествено значајна личност која добива посебен третман од која било причина. Посебниот третман обично вклучува одвојување од обичните луѓе и повисоко ниво на удобност или услуга.[3]

Во некои случаи, како на пример со билети, VIP може да се користи како титула на пакет или на сличен начин како што се користат зборовите премиум или ексклузивно. Вообичаено на аеродромите, VIP билети може да купи кој било, но сепак значи одвојување од другите клиенти, сопствени безбедносни проверки итн.

VIP терминалите на аеродромот може да ги користат министрите за надворешни работи, амбасадорите, дипломатите и други високи владини личности, под услов тие да бидат официјално поканети од владата на земјата на прием.[4]

Понекогаш, се користи и терминот многу многу важна личност (VVIP или V.V.I.P. (Very very important person) на англиски),[5] особено во однос на VIP лица со многу висок социоекономски ранг или моќ на трошење.[6] Се користи особено кога секој може да купи VIP третман, за да ги разликува луѓето со особено високи барања.[7] VVVIP (или V.V.V.I.P. - Very very very important person) може да означи уште едно, повисоко ниво на ексклузивност.[8]

  1. „Very Important Person“. Trustees of Princeton University. Архивирано од изворникот на 2012-08-04. Посетено на 2011-05-23.
  2. Harper, Douglas. „vip“. Online Etymology Dictionary.
  3. Waida, Maria (3 January 2019). „20 Impressive VIP Event Ideas“. blog.bizzabo.com (англиски). Посетено на 2020-07-07.
  4. Spadinger, Wolfgang (2012). Guide on Protocol and Diplomatic Priveleges and Immunities (PDF). Vienna, Austria: United Nations.
  5. Free Dictionary definition, accessed 15 June 2016
  6. Meet the VVIP (Very Very Important People), Wall Street Journal 23 December 2010. Requires subscription. Retrieved 15 June 2016
  7. Vritika (2013-09-27). „Difference between VIP and VVIP“. www.differencebetween.info. Посетено на 2020-07-07.
  8. „When V.I.P. Isn't Exclusive Enough: Welcome to V.V.I.P.“. NY Times. 2022-11-30. Посетено на 2022-11-30.


Надворешни врски

[уреди | уреди извор]