Млечен Пат
Кумова Слама / Попова Слама | |
Инфрацрвена слика на јадрото на галаксијата Млечен Пат | |
Податоци од набљудување | |
---|---|
Тип | Sb, Sbc или SB(rs)bc[1][2] (пречкеста спирална галаксија) |
Пречник | 150–200 исг (46–61 кпс) |
Дебелина на ѕвезд. диск | ≈ 2 исг (0,6 кпс)[3][4] |
Број на ѕвезди | 100–400 милијарди [(1–4)×1011][5] |
Маса | 0,8–1,5×1012 M☉[6][7][8][9] |
Момент на импулсот | ≈1⋅1067 J s[10] |
Оддал. на Сонцето од галактичкото Средиште | 26,4 ± 1,0 исг [11][12][13] |
Галактичка обиколка на Сонцето | 240 мг[14] |
Свртување на спиралата | 220–360 мг[15] |
Свртување на пречката | 100–120 мг[15] |
Брзина во однос на мирувачката рамка на КПЗ | 631 ± 20 км/с[16] |
Ослобод. брзина во Сончевата положба | 550 км/с[9] |
Густина на темната материја во Сончевата положба | 0,0088+0,0024 −0,0018 M☉pc−3 или 0.35+0,08−0,07 GeV cm−3[9] |
Млечен Пат (народен назив: Кумова Слама) — спирална галаксија која припаѓа на месната група на галаксии во нашата вселена. Иако Млечниот Пат е само една од милијардата галаксии кои постојат во познатиот универзум, галаксијата е од особено значење на човештвото ако матична на нашиот Сончев Систем.
Поимот „Млечен“ потекнува од лелеавата бела светлика која се простира над Земјината атмосфера, видлива од Земјата. Светлината е создадена од сјајот на сите ѕвезди во оваа галаксија, која е најсветла во делот каде што е соѕвездието – Стрелец, кон Галактичкото Средиште.
Главниот диск на галаксијата е широк меѓу 80.000 и 100.000 светлосни години во пречник, и околу 1000 светлосни години во дебелина. Се претпоставува дека галаксијата Млечен Пат содржи меѓу 200 и 400 милијарда ѕвезди. Во средината на „Млечниот Пат“ има супермасивна црна дупка која што се вика „Стрелец А*“.
Старост
[уреди | уреди извор]Староста на галаксијата се претпоставува дека е 13,6 милијарда години, или врсник на нашата вселена. Овие бројки се засноваат врз истражувања во 2004, кои ги спроведе тим на реномирани астрономи.
Местото на нашето Сонце
[уреди | уреди извор]Сонцето, а со тоа и Земјата и Сончевиот Систем, се наоѓа во близината на надворешниот крак наречен Орионов Крак, на оддалеченост од 7,94 ±0,42 парсеци од Галактичкото Средиште. Далечината меѓу Орионовиот и Персеевиот Крак која е следна изнесува 6.500 светлосни години.
На Сонцето му се потребни меѓу 225-250 милиони години да заврши една обиколка околу галактичкото јадро. Орбиталната брзина на сончевиот Систем е околу 217 км2.
Иднината на Млечниот Пат
[уреди | уреди извор]Најновите истражувања покажуваат дека галаксијата Андромеда се приближува до галаксијата Млечен Пат со брзина од 300 км/с. Според ова истражување двете галаксии ќе се судрат за отприлика 3-4 милијарда години. Доколку ова се случи се претпоставува дека нашето Сонце и другите ѕвезди нема да се судрат меѓусебно, туку ќе се спојат за да формираат елиптична галаксија чие формирање ќе трае околу милијарда години.
Народни верувања во Македонија
[уреди | уреди извор]Летно време, по средината на целото небо се гледа белузлавата лента на нашата галаксија Млечен Пат. Кај народот таа лента има две имиња: Кумова Слама и Попова Слама, од кои второто најверојатно е постаро народно име. Според преданијата, на небото е отсликана кражбата на слама на некој поп (или кум) од кумашинот.[17]
Како тема во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]- „На Млечниот Пат“ — филм на режисерот Емир Кустурица.[18]
- „Млечен Пат“ (англиски: Milky Way) — песна на американската група Бордомс (Boredoms) од 1990 година.[19]
- „Млечен Пат“ (англиски: Milky Way) — композиција на американската џез-група Weather Report од 1971 година.[20]
- „Под Млечниот Пат“ (англиски: Under the Milky Way) — песна на австралиската рок-група The Church од 1988 година.[21]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ Frommert, Hartmut; Kronberg, Christine (26 август 2005). „Classification of the Milky Way Galaxy“. SEDS. Архивирано од изворникот на 31 мај 2015. Посетено на 30 мај 2015.
- ↑ Coffey, Jeffrey. „How big is the Milky Way?“. Universe Today. Архивирано од изворникот на September 24, 2013. Посетено на November 28, 2007.
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ Odenwald, S. (March 17, 2014). „Counting the Stars in the Milky Way“. The Huffington Post. Архивирано од изворникот на August 1, 2014. Посетено на June 9, 2014.
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ 9,0 9,1 9,2 Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ Karachentsev, Igor. „Double Galaxies §7.1“. ned.ipac.caltech.edu. Izdatel'stvo Nauka. Архивирано од изворникот на 4 март 2016. Посетено на 5 април 2015.
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ Sparke, Linda S.; Gallagher, John S. (2007). Galaxies in the Universe: An Introduction. стр. 90. ISBN 9781139462389.
- ↑ 15,0 15,1 Gerhard, O. (2010). „Pattern speeds in the Milky Way“. arXiv:1003.2489v1. Наводот journal бара
|journal=
(help) - ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ Ѓоре Ценев, „Небото над Македонија“, МКЦ Скопје, 2004, стр. 71-72.
- ↑ Story, број 573, 9 септември 2016, стр. 86.
- ↑ YouTube, Soul Discharge '99 (full album) - Boredoms
- ↑ Weather Report – Weather Report (пристапено на 7.4.2024)
- ↑ YouTube, The Church - Starfish (Full Album) 1988 - 480P.mp4 (пристапено на 15.10.2017)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Млечен Пат“ на Ризницата ? |
- Написи за Млечниот Пат — Македонско астрономско друштво (македонски)
- НМ (25 април 2018). „Направена тридимензионална мапа на Млечниот Пат“. Нова Македонија. (македонски)
- Стојановска, Невенка (1 август 2018). „Колку тежи Млечниот Пат“. Емитер. (македонски)
- „Уникатно откритие за Млечниот Пат го објаснува феноменот "Големата привлечност"!“. Ексклузив. февруари 2017. Архивирано од изворникот на 2019-07-25. (македонски)
- Анимирана прошетка низ Млечниот Пат Архивирано на 12 јуни 2013 г. — Универзитет на Јужен Велс (англиски)
- Млечен Пат — 3Д карта
- Млечен Пат — широк поглед од 9 милијарди пиксели Архивирано на 6 август 2017 г..
|
|