Млекопитателница (икона)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Млекопитателница се вика иконата на Пресвета Богородица, која Свети Сава ја донел од манастирот Свети Сава Освештен, кај Ерусалим и ја положил во својата посница на Кареја во Света Гора. И така се исполнилo пророштвотo на св. Сава Освештени, изреченo 800 години претходно, дека ќе дојде некој српски свештеник Сава, на кој ќе треба да му се предаде таа икона и неговиот жезол. Кога Сава го посетил манастирот на св. Сава Освештени, според христијанските верувања, монасите се сетиле на пророштвотo на основателот на својата обител и му ги предале на св. Сава иконата и жезолот. Таа икона e поставена од десната страна на царските двери во Посница, а жезлот во една келија, викана “Патерица”, на Кареја.

[1].

Православната црква нејзиниот ден го чествува на 12 јануари.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Охридски пролог“ стр. 15