Млекара „Здравје“ Радово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Млекара „Здравје“
Mlekara Zdravje
ТипАД
Oснована2002
СедиштеРадово, Република Македонија Производствени капацитети:Радово, Битола, Куманово, Македонија
ул.
Дејностмлечна, прехранбена
Производимлечни производи (млеко, јогурт, кашкавал, сирење, павлака)
Вработени360
Порталhttp://www.mlekarazdravje.com.mk/

Млекара „Здравје“ Радово — млекарница од, с.Радово, Македонија. Една од најголемите претпријатија во млекарската индустрија во Македонија, со производствени погони во Радово, Куманово и Битола.

Историјат[уреди | уреди извор]

Млекара Здравје Радово започнала со работа во с. Радово во почетокот на 2002 година, во еколошки чиста средина која го опфаќа пределот помеѓу планините Огражден и Беласица, на 10 км. оддалеченост од Струмица.

Во 2004 година, производството се проширило со нов производствен капацитет во Куманово, со што се продолжила традицијата педесет години постоење и производство на поранешен ЗИК Куманово.

Во 2014 година е одбележана нова инвестиција. Во Р.Е. Куманово започнало производството на млечни намази.

Во 2015 година бил промовиран новиот сегмент на работењето – млечни десерти, од кој прв се појавил традиционалниот производ сутлијаш.

2016 година била отворена новата фабрика во Битола.

Од почетокот до денес, забележлив е континуиран развој во производствената програма, раст на бројот на производи и бројот на вработени.Со постојана работа и воведување на нови производи, проширен е асортиманот кој на почетокот го сочинувале само десетина производи. Денес целокупниот асортиман опфаќа над 60 производи. Развојот и успехот на Млекара Здравје Радово подразбира и зголемување на работниот кадар. Од почетните 8 вработени, денешната бројка изнесува 360. Почетниот капацитет на дневна обработка на млеко од 2 500 литри, денес е зголемен на  над 120 000 литри.

Целокупната продажба и дистрибуција на производите се одвива во и од магацинот во Скопје, каде се наоѓа и дирекцијата на компанијата. Со дистрибуција се опфатени сите градови и населени места во Република Македонија. Истата се одвива со возила од сопствениот возен парк[1].

Производство[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. За Нас“, „Mlekara Zdravje Radovo“. (на en-US)