Млад отворен театар
Млад отворен театар (МОТ) - меѓународен театарски фестивал што се одржува во Скопје.
Историја
[уреди | уреди извор]Млад отворен театар бил основан во 1976 година, а негов основач и долгогодишен уметнички директор и почесен претседател бил Љубиша Никодиновски-Биш.[1]
МОТ 2013
[уреди | уреди извор]Од 19 до 26 септември 2013 година се одржало 38. издание на МОТ, со мотото „Тетар на црвена линија“. На фестивалот биле следниве претстави:[2]
- „Тоа што телото ќе го памети“, во режија на Вим Вандекејбу, а во изведба на „Ултима Вез“ од Брисел
- „Носталгиумот на еден перфориран копиљ“, во режија на Јане Спасиќ (кој е и автор на текстот), а во изведба на „Младински културен центар“ од Скопје
- „Ноќна пеперутка“ на Петар Гладилин, во режија на Јавор Гардев, а во изведба на народниот театар „Иван Вазов“ од Софија
- „Прст“ на Дорунтина Баша, во режија на Ана Томовиќ, а во изведба на „Хартефакт“ и „Битеф театар“ од Белград
- „Галеб“ на Чехов, во режија на Томи Јанежич, а во изведба на „Српско народно позориште“ од Нови Сад
- „Хамлет машина“, според текст на Хајнер Милер и текстови на драматургот и на глумците, во режија на Андраш Урбан, а во изведба на „Народниот театар“ од Битола
- „5:17“ на Ана Ристоска, во режија на Нела Витошевиќ, а во изведба на „Вондерленд театар“ од Скопје
- „Hot“ во режија на Рисима Рисимкин, а во изведба на „Skopje Dance Academy & Theatre“ при Универзитетот ЕСРА од Скопје
- „Прогонот и убиството на Жан Пол Мара“ на Петер Вајс, а во изведба на Факултетот за драмски уметности од Скопје
- „Жолта линија“ на Џули Цех и Шарлот Рос, во режија на Ивица Булјан, а во изведба на „Загребачко казалиште младих“ од Загреб
- „Малечката“ на Сема Али Ерол, која е и режисерка, а во изведба на „Театарот Кумпанијази“ од Истанбул
- „Метаморфози“ според текстови на Овидиј, Александар Поповски и Јелена Миовиќ, во режија на Александар Поповски, а во изведба на „Југословенско драмско позориште“ од Белград
- „Тања, Тања“ на Олга Мухина, во режија на Александар Ивановски, а во изведба на НУЦК „Трајко Прокопиев“ од Куманово
- „Невини“ на Лукино Висконти, Зузо Чеки Д'Амико и Енрико Медиоли, во режија на Диего де Бреа, а во изведба на „Словенско младинско гледалишче“ од Љубљана
- „Лев“ во режија на Клаудија Сораче, а во изведба на „Мута имаго“ од Рим
Исто така, во рамките на фестивалот биле одржани и две работилници (работилницата за драмско пишување под водство на проф. Жанина Мирчевска и работилницата „Јас... тело... простор... паѓање“), како и презентации на книгите „7 драми од БиХ“ и „Моќта на театарот“.[3]
МОТ 2015
[уреди | уреди извор]Во септември 2015 година се одржало 40. издание на МОТ, кое било отворено со претставата на театарот „Алијас“ од Женева. На фестивалот биле изведени 15 претстави, меѓу кои и „Другата страна“ по текст на Дејан Дуковски а во изведба на танцовиот театар „Лидија Литос“ од Атина, претставата „Солун, град на духови“ од Русомир Богдановски, во режија на Слободан Унковски и во изведба на „Театарот на навигаторот Цветко“ итн.[4]
МОТ 2016
[уреди | уреди извор]Кон крајот на септември 2016 година се одржало 41. издание на МОТ, на кое биле прикажани повеќе претстави, како: „ОФФ - Надминување на границите“ на театарот „Увидјеки синхаз“ од Нови Сад, а во режија на Золтан Пушкаш; соло-танц перформансот на Маура Моралес од Куба; „Без наслов - (Симбол)“ на Скопје танцов-театар (кореографија: Андријана Данческа и Александра Петрушевска); претставата „Коските што доаѓаат доцна“ на Теки Дервиши, а во изведба на Националниот театар од Косово, во режија на Мартин Кочовски; „Да го поздравиш и да ми го бациш“ во режија на Билјана Радиноска; „Галеб“ во режија на Томас Остермаер; „Ние, европски лешеви“ на Симона Семенич, во режија на Себастијан Хорват, а во продукција на Словенско народно гледалишче од Љубљана; „Мртовецот доаѓа по љубената“, во режија на Јернеј Лоренци, во изведба на театарот „Прешерн“ од Крањ; „Случајот Хармс“, во режија на Дино Мустафиќ итн.[5] итн.[6][7][8] Фестивалот завршил на 27 септември, со претставата „Мртва точка“ во режија на Раду Африм, а во изведба на театарот „Тома Карагиу“ од Романија.[9]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Театар на црвена линија. Скопје: МОТ и МКЦ, септември 2013, стр. 78.
- ↑ Театар на црвена линија. Скопје: МОТ и МКЦ, септември 2013, стр. 6-73.
- ↑ Театар на црвена линија. Скопје: МОТ и МКЦ, септември 2013, стр. 74-78.
- ↑ „МОТ: Телото е уметност и создава уметност“, Дневник, година XIX, број 5874, петок, 25 септември 2015, стр. 19.
- ↑ „Мртовецот доаѓа по љубената и Случајот Хармс вечерва на МОТ“, Дневник, година XX, број 6174, понеделник, 26 септември 2016, стр. 23.
- ↑ „Викендов пет претстави на МОТ“, Дневник, година XX, број 6173, сабота, 24 септември 2016, стр. 21.
- ↑ „Големиот Остермаер со „Галеб“ вечерва на МОТ“, Дневник, година XX, број 6172, петок, 23 септември 2016, стр. 22.
- ↑ „Словенско народно гледалишче на МОТ со Ние, европски лешеви“, Дневник, година XX, број 6172, четврток, 22 септември 2016, стр. 21.
- ↑ „МОТ завршува со Мртва точка“, Дневник, година XX, број 6175, вторник, 27 септември 2016, стр. 21.