Млад и здрав како роза
„Млад и здрав како роза“ (српски: Млад и здрав као ружа) — српски филм од 1971 година, во режија на Јован Јовановиќ. Главните улоги ги играат: Драган Николиќ, Александар Гавриќ, Данило Бата Стојковиќ, Марија Бакса итн. Филмот е дел од југословенскиот „црн бран“ и зборува за почетоците на врската меѓу југословенската државна безбедност и злосторниците. Речиси целиот филм е снимен со камера в раце, што ја засилува неговата драматика и му дава документаристички тон. Филмот бил прикажан само двапати: на Фестивалот во Пула и во Студентскиот културен центар во Белград, а потоа исчезнал, иако никогаш официјално не бил забранет. Првата следна јавна проекција била одржана дури 35 години по снимањето, во 2006 година, во рамките на ФЕСТ.[1] [2]
Синопсис
[уреди | уреди извор]Стеван, наречен Стив (го игра Николиќ), е млад злосторник кој краде автомобили, ограбува бензински пумпи, ги искористува девојките, а извршува и неколку убиства. Еден ден, тој се среќава со полициски инспектор кој му нуди соработка. Наскоро, Стив станува еден од шефовите на подземјето во Белград, како и ѕвезда во медиумите. Тој се однесува гордо, има многу пари, живее во хотел и пука низ градот...[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ РТС, Млад и здарв као ружа - филм (пристапено на 15.12.2019)
- ↑ https://www.rts.rs/page/tv/ci/story/18/rts-2/4223117/mlad-i-zdrav-kao-ruza.html Млад и здрав као ружа (пристапено на 24.1.2021)
- ↑ РТС, Млад и здарв као ружа - филм (пристапено на 15.12.2019)