Младен Никодиноски
Изглед
| Младен Никодиноски | ||
| Роден | 1911 година Патец, Битолски Вилает, Османлиско Царство | |
|---|---|---|
| Починал | 16 ноември, 1944 година Зајас, ДФ Македонија, ДФЈ | |
| Народност | Македонец | |
Младен Тасев Никодиноски ( 1911 во Патец — 16 ноември 1944 во Зајас) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Иако е роден во селото Патец, тој живеел во селото Лазаровци. По занимање бил трговец. По окупацијата на Македонија, бил на страната на Дража Михајловиќ, но по извршените преговори, во август 1944 година, се приклучил во редовите на НОВ во Петнаесеттата македонска бригада како командир на чета. Се истакнал како храбар борец. Загинал при конечното ослободување на Кичево на 16 ноември 1944 година во борбите над селото Зајас.[1]