Миљан Мрдаковиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Миљан Мрдаковиќ (Ниш, 6 мај 1982 - Белград, 22 мај 2020)[1] бил поранешен српски фудбалер. Настапувал на позицијата како напаѓач.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Фудбал започнал да игра во екипата на Раднички од Ниш, а веднаш потоа преминал во помладите категории во клубот на Партизан. Како 16-годишник во 1998 година Мрдаковиќ преминал во белгиски Андерлехт заедно со Горан Ловре.[2] Немал можност за прв пат да настапи за првиот тим на Андерлехт, но играл за резервните и за младинскиот тим,[3] а во текот на 2002 година бил позајмен на тогашниот белгиски прволигаш екипата на Алст.

Есента 2002 година Мрдаковиќ се вратил во Србија и потпишал за екипата на ОФК Белград.[1] Во сезоната 2002/03 тој постигнал 20 првенствени голови, а клубот го заземал третото место на табелата во Првата лига на СР Југославија.[4] По една сезона во тимот на ОФК Белград, тој се вратил во Белгија и потпишал за составот на Гент.[5] Веќе во месец април 2004 година, тој го раскинал договорот со екипата на Гент и се вратил во составот на ОФК Белград.[6] За време на неговиот втор престој во тимот на ОФК Белград, Мрдаковиќ заедно со клубот стигнал во 2004 година до полуфиналето на Интертото купот. Во полуфиналето од тоа натпреварување екипата на ОФК Белград била елиминирана од клубот на Атлетико од Мадрид.[7]

На почетокот на 2005 година Мрдаковиќ заминал во екипата на Салцбург, во Австрија. Во летото истата година се преселил во екипата на Металист од Харков во Украина. Поминал нешто повеќе од една година во украинскиот клуб, пред да се пресели во август 2006 година во клубот на Макаби од Тел Авив.[8] За израелскиот клуб, одиграл вкупно вкупно 36 натпревари во сите рангови на натпреварувања и постигнал осум гола.[9] Наредната сезона 2007/08 ја минал во португалскиот прволигаш Виторија од Гимараис. За клубот на Виторија постигнал шест гола во 27 лигашки натпревари.[10] Клубот го освоил третото место на табелата, со што се квалификувал за Лигата на шампионите.[11]

Во текот на 2008 година. Мрдаковиќ заминал во екипата на Шандонг, Кина, каде тренер бил српскиот стратег Љубиша Тумбаковиќ.[12] Со екипата на Шандонг Мрдаковиќ ја освоил шампионската титула, притоа постигнувајќи осум голови.[13]

Во месец јули 2009 година, тој се вратил во европскиот фудбал и потпишал договор за составот на Аполон од Лимасол.[14] По пристигнувањето во клубот, тој не успеал да се избори за првотимски статус, па по само еден одигран натпревар,[15] за времето на зимскиот преоден рок, бил испратен како позајмен играч во екипата на Етникос од Ахна. Мрдаковиќ одиграл една полусезона за екипата на Етникос, постигнувајќи осум гола на 14 натпревари,[16] по што се вратил повторно во екипата на Аполон. Вториот престој во клубот на Аполон ми бил далеку поуспешен. Со 21 постигнат гол во сезоната 2011/12 тој бил најдобар стрелец во кипарската прва лига.[17]

Во јуни 2011 година потпишал тригодишен договор со екипата на АЕК од Ларнака.[18] За овој клуб постигнал седум гола на 18 лигашки натпревари,[19] по што во месец февруари 2012 година си заминал.[20]

Во почетокот на 2012 година, тој по втор пат заминал во кинеското првенство и потпишал за суперлигашот составот на Џангсу. За екипата на Џангсу одиграл само пет натпревари и постигнат еден гол.[21] На почетокот на 2013 година, Мрдаковиќ се вратил на Кипар и потпишал за екипата на Енозис Неон од Паралимни.[22] Летото истата година преминал во грчката суперлига во составот на Верија, каде што во првиот дел од сезоната 2013/14 постигнал пет гола на 13 првенствени натпревари.[16] На почетокот на 2014 година, тој заминал да настапува во Сингапур и потпишал за екипата на Тампинс Роверс, каде што постигнал 25 гола во текот на календарската 2014 година.[23] Во месец февруари 2015 година се вратил во Грција и потпишал за составот на Левадијакос,[24] каде што имал одиграно само три натпревари до крајот на сезоната.[16]

Во месец јуни 2015 година се вратил во српскиот фудбал и потпишал договор со екипата на Војводина.[25] Својот прв натпревар за клубот од Нови Сад го имал во 1 коло од квалификациите за Лигата на Европа, на гостински терен кај екипата на МТК од Будимпешта (0:0).[26] На возвратниот натпревар, кој се одиграл по осум дена на стадионот Караѓорѓе, екипата на Војводина победила со резултат од 3:1, а Мрдаковиќ го постигнал својот прв гол за клубот.[27] Тој постигнал уште еден гол на домашен терен во Нови Сад за екипата на Војводина во наредното коло од квалификациите, кога бил совладан клубот на Спартак од Јурмала (3:0).[28] Набргу потоа, го загубил првотимскиот статус. Во текот на есенскиот дел од сезоната 2015/16 во српската Суперлига, Мрдаковиќ одиграл шест првенствени натпревари, најчесто влегувајќи во игра од клупата за резервни играчи.[16] Во месец декември 2015 година, тој ја напуштил екипата на Војводина и се преселил во грчкиот второлигаш Агротикос од Астерас, [29] каде во текот на пролетта 2016 година постигнал еден гол на вкупно пет натпревари.[16]

Во месец јули 2016 година, Мрдаковиќ потпишал за белградски тим Рад,[30] каде што не успеал да одигра ниту еден натпревар. Во месец јануари 2017 година по трет пат станал играч на екипата на ОФК Белград, само што овој пат клубот се натпреварувал во вториот ранг на натпреварувањето, односно во Првата лига на Србија.[31] Тој настапил на пет натпревари и постигнал два гола,[16] но екипата на ОФК Белград во сезоната 2016/17 испаднал во третиот ранг на натпреварувањето односно во Српската лига на Белград.[32] По завршувањето на оваа сезона, Мрдаковиќ ставил крај на својата играчка кариера.

Репрезентација[уреди | уреди извор]

Во 2001 година, Мрдаковиќ настапувал за репрезентацијата на СР Југославија на Европското првенство за играчи до 18 години во Финска. Тој бил и младински репрезентативец на селекцијата на Србија и Црна Гора, но поради конфликтот со тогашниот селектор Владимир Петровиќ Пижон, не успеал да одигра повеќе натпревари.[33][34]

Во месец јули 2008 година, селекторот на српскиот олимписки тим, Мирослав Ѓукиќ, го вклучил Мрдаковиќ на списокот на играчи за Олимписките игри 2008 година во Пекинг.[35] Покрај Владимир Стојковиќ и Александар Живковиќ, Мрдаковиќ бил еден од тројцата играчи на возраст од над 23 години, што била дозволената граница за еден олимписки тим. Тој настапил на сите три натпревари на Олимпискиот турнир (Австралија, Брегот на Слоновата Коска и Аргентина), а постигнал и гол на натпреварот против африканската селекција, но српскиот национален тим го загубил тој натпревар (4:2).[36]

Во месец мај 2011 година, селекторот на сениорската репрезентација на Србија, Владимир Петровиќ Пижон, го вклучил Мрдаковиќ на списокот на играчи за пријателските натпревари против репрезентациите на Јужна Кореја и Австралија.[37] Мрдаковиќ се појавил на поканата, но се повредил на последниот тренинг пред патувањето во Јужна Кореја и Австралија, па така ја пропуштил можноста за прв пат да настапи за сениорската репрезентација.[38]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „IN MEMORIAM - MILJAN MRDAKOVIĆ“. ofkbeograd.co.rs. 23. 5. 2020. Посетено на 23. 5. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  2. „Grci široke ruke“. novosti.rs. 29. 3. 2009. Посетено на 23. 5. 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  3. „Terorista sa Karaburme“. glas-javnosti.rs. 28. 10. 2002. Посетено на 23. 5. 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  4. „Serbia and Montenegro 2002/03“. rsssf.com (англиски). Посетено на 23. 5. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  5. „Prvi strelac OFK Beograda prešao u belgijski Gent“. b92.net. 5. 8. 2003. Посетено на 23. 5. 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  6. „MRDAKOVIC VERLAAT AA GENT“. voetbalkrant.com (Dutch). 2. 4. 2004. Посетено на 23. 5. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  7. „Surova stvarnost romantičara“. glas-javnosti.rs. 29. 7. 2004. Посетено на 23. 5. 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  8. „Miljan Mrdaković u Makabiju iz Tel Aviva“. mondo.rs. 19. 8. 2006. Посетено на 23. 5. 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  9. „מילאן מרדאקוביץ' (хебрејски). football.org.il. Посетено на 23. 5. 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  10. „Miljan Mrdaković“. worldfootball.net (англиски). Посетено на 23. 5. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  11. „Mrdaković: Na Kipru kao kod kuće“. novosti.rs. 22. 1. 2013. Посетено на 23. 5. 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  12. „TUMBAKOVIĆ ZATEČEN VEŠĆU: On je odveo Mrdakovića u Kinu! Nikad ne bih naslutio da bi nešto ovako moglo da se desi!“. espreso.rs. 23. 5. 2020. Посетено на 23. 5. 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  13. „Miljan Mrdaković- Prerani odlazak u inostranstvo, Kipar obećana zemlja, a tu je i naslednik sa velikim potencijalom“. centarshootrs.blogspot.com. 26. 3. 2020. Архивирано од изворникот на 23. 05. 2020. Посетено на 23. 5. 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date=, |archive-date= (help)
  14. „Mrdaković u Apolonu“. b92.net. 21. 7. 2009. Посетено на 23. 5. 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  15. „MILJAN MRDAKOVIC“ (грчки). cfa.com.cy. Посетено на 23. 5. 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  16. 16,0 16,1 16,2 16,3 16,4 16,5 „Miljan Mrdaković“. soccerway.com (англиски). Посетено на 23. 5. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  17. „Πρώτος σκόρερ ο Μρντάκοβιτς“ (грчки). cfa.com.cy. 14. 5. 2011. Посетено на 23. 5. 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  18. „ΔΙΕΤΕΣ ΣΥΜΒΟΛΑΙΟ ΜΕ ΜΙΡΤΑΚΟΒΙΤΣ“ (грчки). aek.com.cy. 21. 6. 2011. Архивирано од изворникот на 23. 05. 2020. Посетено на 23. 5. 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date=, |archive-date= (help)
  19. „MILJAN MRDAKOVIC“ (грчки). cfa.com.cy. Посетено на 23. 5. 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  20. „ΟΛΟΚΛΗΡΩΘΗΚΕ Η ΜΕΤΕΓΓΡΑΦΗ ΤΟΥ ΜΙΛΙΑΝ“ (Greek). aek.com.cy. 29. 2. 2012. Архивирано од изворникот на 23. 05. 2020. Посетено на 22. 7. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date=, |archive-date= (help)CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  21. „Mrdaković: Kineska liga je među najjačim na svetu, gol na Igrama obeležio karijeru“. sport.blic.rs. 15. 12. 2012. Посетено на 23. 5. 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  22. „Mrdaković debitovao za Enozis“. novosti.rs. 12. 1. 2013. Посетено на 23. 5. 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  23. „Mrdaković postigao 25 golova ove godine“. sport.blic.rs. 15. 11. 2014. Посетено на 23. 5. 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  24. „Miljan Mrdaković u Levadijakosu“. n1info.com. 12. 2. 2015. Посетено на 23. 5. 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  25. „POTPISAO MRDAKOVIĆ“. fkvojvodina.rs. 4. 6. 2015. Посетено на 23. 5. 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  26. „MTK – VOJVODINA 0:0“. fkvojvodina.rs. 2. 7. 2015. Посетено на 23. 5. 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  27. „VOJVODINA – MTK 3:1 (2:1)“. fkvojvodina.rs. 10. 7. 2015. Посетено на 23. 5. 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  28. „VOJVODINA – SPARTAKS JURMALA 3:0 (2:0)“. fkvojvodina.rs. 16. 7. 2015. Посетено на 23. 5. 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  29. „MILJAN MRDAKOVIĆ NAPUSTIO VOJVODINU“. fkvojvodina.rs. 26. 12. 2015. Посетено на 23. 5. 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  30. „Mrdaković u Radu: Došao sam da pomognem golovima i iskustvom“. novosti.rs. 3. 7. 2016. Посетено на 23. 5. 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  31. „POVRATAK GOLGETERA“. ofkbeograd.co.rs. 19. 1. 2017. Посетено на 23. 5. 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  32. „Sunovrat velikana - OFK Beograd ispao iz Prve lige!“. sportske.net. 3. 5. 2017. Посетено на 23. 5. 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  33. „Ja sam Pižon, a ko su oni!“. glas-javnosti.rs. 18. 2. 2003. Посетено на 23. 5. 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  34. „Mrdaković čuvar "Romantike". glas-javnosti.rs. 25. 3. 2003. Посетено на 23. 5. 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  35. „Đukić pozvao i Mrdakovića“. b92.net. 28. 7. 2008. Посетено на 23. 5. 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  36. „Srbija izgubila od Obale Slonovače“. rts.rs. 10. 8. 2008. Посетено на 23. 5. 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  37. „Pižon hoće pobednike“. novosti.rs. 27. 5. 2011. Посетено на 23. 5. 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  38. „Mrdaković propušta turneju“. novosti.rs. 1. 6. 2011. Посетено на 23. 5. 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]