Мијеркуреја Чук

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Замокот Мико
Градскиот грб

Мијекуреја Чук (унгарски: Csíkszereda, романски: Miercurea-Ciuc) е град и општински центар во романскиот округ Харгита во источниот дел од Трансилванија.

Административно, три села припаѓаат на ова централно место:

  • Чиба
  • Харгита Бај
  • Жигодин Бај

Демографија[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2002 година градот има 42 029 жители. Повеќето од нив се Секелџи, кои според официјалната листа се изјаснуваат како Унгарци , има 34.388 кои сочинуваат 81,8% од населението. Населението ја чинат уште и Романците (7.274), Ромите (262) и Германците (67).[1]

Официјално, градот е двојазичен. Двата јазика, унгарски и романски, се користат подеднакво во сите сегменти на општествени активности, како што се судството, администрацијата, образованието и натписите.

Демографски график на Чиксиради:

Историја[уреди | уреди извор]

Мијекуреја Чук е општинско седиште и се наоѓа во источниот дел на округот Харгита во долината на Олта. До 1918 година градот бил седиште на унгарската област Чик во историското Кралство Унгарија. Помеѓу 1927 година и 1938 година. градот беше седиште на романската област Чук во историското Кралство Романија.

По 1968 година новиот социјалистички начин на живот донесе нови културни активности. Градот стана седиште на секуларната култура и идентитет. Стариот хотел Харгита беше 2001 година се претвори во универзитет каде наставата се одвива на унгарски јазик. Универзитетот Сапијент е приватен и е прв од ваков вид во Романија.

Географија[уреди | уреди извор]

Чиксеред се наоѓа во подножјето на планината Харгита, на надморска височина од 655-730 метри, е еден од најстудените градови во Романија. Температурата, во зима, многу често паѓа под -30°C, што го прави ова место идеално за зимски спортови.

Знаменитости на градот[уреди | уреди извор]

Улицата Шандор Петефи е изградена според модерен европски стил со кафулиња и продавници и е друштвен центар на градот.

Замокот Мико е изграден во 17 век. Во замокот има музеј на Секељ. До него се наоѓа градската куќа на унгарската жупанија Чик и зградата на Палатата на правдата од 1904 година.

На ридот над градот во селото Чикшомље е едно од најважните места на аџилак на унгарските католици, црква со францискански манастир.

Спортскиот клуб на локален хокеј тим Чиксеред е еден од најдобрите во Романија и од 2006 година учествува во унгарскиот шампионат.

Најпознатиот производ на градот е пивото од брендот Чук.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]