Мишо Нетков

Од Википедија — слободната енциклопедија

Проф. д-р Мишо Нетков роден е во Скопје 1950 г. Основно образование завршил во О.У.„Даме Груев“-Скопје а средно во гим.„Орце Николов“-Скопје. Завршил Филозофски факултет (1970-1974) во Скопје-група Историја на народите на Југославија. Магистрирал 2009 г. во ИНИ-Скопје на тема: „МТВ-ризница на колективната меморија“- Докторирал во ИНИ 2011 г.на тема „Мултикултурата во националните електронски медиуми на Балканот 1989-2008“.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Вработен во Македонската телевизија како новинар (уредник) од 1974-2014 г. Автор на повеќе од 400 ТВ документарни единици (док.емисии, док.филмови, тв.драми, док.репортажи,етно филмови)

Учесник на бројни домашни и меѓународни Тв фестивали од кои добитник е на 16 престижни меѓународни награди: Краков-Полска, Химеџи-Јапан, Сандански-Бугарија, Крушево-Македонија, Киев-Украина, Несебар-Бугарија, Севастопољ-Украина, Ростов на Дон-Руска Федерација, Бијариц-Франција, Сандански-Бугарија итн.

Член на интернационални ТВ жирија:13-ти Балкански фестивал за филм и ТВ програми за деца и младинци 23-27.септембар 2012 г. АРТ АМФОРА –Несебар.Н.Р. Бугарија.

  • Член на интернационален филмски и телевизиски фестифал „Славјанска скаска“ 14-16 септември 2014 Софија-Н.Р. Бугарија.
  • Претседател на жири: 14-ти Балкански фестивал за филм и ТВ програма за деца и младинци 24-27. Септември 2015 г. АРТ АМФОРА Варна. Н.Р. Бугарија.
  • Балкански селектор ( амбасадор ) на „Каиро мобил филмфестивал“ за 2016 година. (септември)
  • Член на меѓународно жири на Фестивал за аматерски документарни филмови „Камера 300“ Битола 15-18 октомври-Битола 2016,2017,2018,2019 г. Р Македонија.
  • Редовен професор на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА, Скопје, Предава: Документарен филм (додипломци), Медиумска култура (специјализанти-4-та година) Аудиовизуелна архивистика со заштита (постдипломци-магистранти)
  • Активен член на ЗНМ, (Здружение на новинари на Македонија)
  • Основач и Претседател на Балканско Евроазиската академија на филмските и ТВ творци,
  • Основач и Претседател на Мултикултурната асоцијација на филмските и ТВ автори на Македонија,
  • Член (активен) на Евроазиската академија за телевизија и радио - Москва (од 2011год).
  • Член на основачкиот одбор на Институтот за интердисциплинарни истражувања на историјата, културата и медиологијата.
  • Носител на Орден „полза чест и слава“ Доделен од Претседателот на Нова Кремљовскаја стратегија- Москва 2012 г.

Специјалност: Национална историја,мултикултурата во електронските медиуми, медиологија, комуникологија, усна (орална) историја, медиумско образование и аудиовизуелна архивистика.

На полето на науката се пројавува како активен учесник на бројни научни конференции, симпозиуми, работилници и семинари, објавувајки бројни научни трудови од областа на историографијата и медиологијата, и за прв пат во Македонија прави сериозни (научно и медиумски) обиди, електронските медиуми да ги стави во функција (појаснување на некои недоволно осветлени моменти) на историографијата, компилирајки и прикажувајки автентични (аудиовизуелни) документарни снимки за луѓе и настани од богатата културно-историска ризница на МРТВ, збогатувајки ја на тој начин оралната (усна) историја и истовремено промовирајки новина во историските истражувања и перцепции (вметнувајки го историското аудовизуелно градиво во современата медијализација како светски тренд).

Објавени Книги[уреди | уреди извор]

  1. Мишо Нетковски, МТВ ризница на македонската колективна историја,„Софија“ Богданци, 2009 год,127 стр,мек повез,ISBN 078-9989-736-68-1
  2. Мишо Нетков, Мултикултурата во националните електронски медиуми на Балканот (1989-2008), Скопје, Македонија презент, 2015 г.270 стр. мек повез ISBN 978-608-65626-9-4
  3. Мишо Нетков, Документарен филм, Скопје, Универзитет за аудиовизуелни уметности ЕСРА, 2017 стр, мек повез,194 стр.CIP 791.229.2
  4. Мишо Нетков, Медиумски рефлексии-прва книга, Скопје, Универзитет за аудиовизуелни уметности ЕФТА 2018 г. мек повез, 217 стр. ISBN 978-608-4585-21-3
  5. Мишо Нетков, Медиумски рефлексии-втора книга, Скопје, Универзитет за аудиовизуелни уметности ЕСРА 2019 г. мек повез, 207 стр. ISBN 978-608-4555-25-4
  6. Мишо Нетков, МТВ - мојот прозорец кон светот (документарни емисии), Скопје, Интернационален универзитет „ЕУРОПА ПРИМА“ 2021 год. мек повез, 307 стр. ISBN 978-608-4555-32-2
  7. Мишо Нетков, МТВ - мојот прозорец кон светот (патописни емисии), Скопје, Интернационален универзитет „ЕУРОПА ПРИМА“ 2021 год. мек повез, 180 стр. ISBN 978-608-4555-31-5
  8. Мишо Нетков, Медиумски лавиринти, Скопје, Интернационален универзитет „ЕУРОПА ПРИМА“ 2021 год. мек повез 196 стр. ISBN 978-608-4555-33-9
  9. Мишо Нетков, МТВ - Чувар на македонската колективна меморија, Скопје, Интернационален универзитет „ЕУРОПА ПРИМА“, 2021 год. мек повез, 195 стр. ISBN 978-608-4555-34-6

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Мишо Нетков“. Посетено на 2022-05-04.