Мишлибушки Округ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мишлибушки Округ
Powiat myśliborski
округ
Знаме на Мишлибушки Округ
Знаме
Грб на Мишлибушки Округ
Грб
Местоположба во војводството
Местоположба во војводството
Општини во округот
Општини во округот
Земја Полска
ВојводствоЗападнопоморско
СедиштеМишлибуж
Општини
Површина
 • Вкупно1.182,4 км2 (4,565 ми2)
Население (2019)
 • Вкупно65.638
 • Густина5,6/км2 (14/ми2)
Рег. таб.ZMY
Мреж. местоpowiatmysliborski.pl

Мишлибушки Округ (полски: powiat myśliborski) — округ во Западнопоморското Војводство, северозападна Полска, крај полско-германската граница. Созаден е на 1 јануари 1999 г. со управната реформа од претходната година. Најголем град и седиште на округот е Мишлибуж, сместен на 57 км од војводското седиште Шчеќин. Други градови во округот се Барлинек на 24 км источно и Дембно на 25 км југозападно од Мишлибуж.

Округот зафаќа површина од 1.182,4 км2 и во 2019 г. имал 65.638[ жители.[1] Уделот на градско население изнесува 59,1 %.

Соседни места[уреди | уреди извор]

Мишлибушкиот Округ се граничи со Грифинскиот Округ на северозапад, Пижичкиот и Старгарскиот на север, Хошченскиот на североисток, Стшелечко-дрезденечкиот на исток и Гожувскиот на југоисток. На крајниот југозапад се граничи со Германија (округот Меркиш-Одерланд).

Административна поделба[уреди | уреди извор]

Округот се дели на пет општини од кои две се селски, а три градско-селски. Тука се наведени надолно по бројот на жители во 2016 г.[2]

Општина Вид Површина
(км2)
Население
(2016)
Седиште
Дембно градско-селска 318,78 20.879 Дембно
Мишлибуж градско-селска 328,33 20.251 Мишлибуж
Барлинек градско-селска 258,77 19.449 Барлинек
Новогрудек Поморски селска 146,15 3.382 Новогрудек Поморски
Болешковице селска 129,92 2.902 Болешковице

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Wyniki badań bieżących – Baza Demografia – Główny Urząd Statystyczny“. demografia.stat.gov.pl. Посетено на 20 мај 2020.
  2. Ludność. Stan i struktura ludności oraz ruch naturalny w przekroju terytorialnym w 2016 r. (Stan w dniu 31 XII 2016 r.). Warszawa: Główny Urząd Statystyczny. 30 мај 2017. ISSN 2451-2087.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]