Мишел Зевако

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мишел Зевако
Мишел Зевако
Роден/а1 февруари 1860
Ајачо, Франција
Починат/а8 август 1918
Обон, Франција
Занимањеписател
ДржавјанствоФранцузин
Жанристориски роман

Мишел Зевако (француски: Michel Zévaco, роден на 1 февруари 1860 во Ајачо - починал на 8 август 1918 во Обон) — француски писател на историски романи, новинар и анархист.

Биографија[уреди | уреди извор]

Мишел Зевако е роден на 1 февруари 1860 година во Ајачо, Корзика, Франција. Во 1869 година неговото семејство се преселило во Де Севр. По завршувањето на средното образование во интернат во 1878 година работел како учител во Виена. Во 1882 година се вработил во армијата, каде достигнач чин на полковник. По разрешувањето поради лоша дисциплина во 1886 година се преселил во Париз.

Во Париз станал новинар и уредник во весникот „Еднаквост“, но потоа преминува кон социјалистичкиот „Jules Roques“. Во 1989 година учествувал на изборите од страна на социјалистите. Станал соработник со други уметници, истакнати фигури во либертинското и анархистичкото движење како Луиз Мишел, Аристид Бријант, Себастијан Форест, Шарл Малај, и др.

Во март 1892 година го основал анархистички неделник „Gueux“, но по анархистичните напади тој бил осуден на казна од 2000 франци кои одбил да ги плати и поминал 6 месеци во затвор. При престојот во затвор се сретнал со Маркиз де Море, со кого ги споделувал антисемитските ставови. Потоа пишувал за списанието на Себастијан Форест „Либерали“ и за анархистичната „Ренесанса“. За време на аферата Драјфус застанал во негова поддршка.

Од 1888 година започнал да пишува и уметнички дела, а неговото прво дело е збирка воени приказни „Le Bout-Charge“. Во 1900 година конечно ја напуштил публицистиката и се насочил кон пишувањето на сериски романи, кои првично биле печатени во органот на социјалистите на „Петит Републик“ со уредник Жан Жорес, а потоа од 1905 година во „Матин“ заедно со друг сериски писател Гастон Леру.

Неговиот прв историски роман „Борџија“ од 1900 година бил многу успешен и го дал почетокот на неговата писателска кариера. Од 1902 година започнал со издавање на авантуристички серија од романи.

За време на Првата светска војна се преселил надвор од Париз, каде останал до крајот на животот. Во 1918 година го напишал сценариото и режијата на немиот филм „Décheance“.

Мишел Зевако починал од рак на 8 август 1918 година во Обон (предградие на Париз).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]