Миша Рахлевски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Миша Рахлевски е руски диригент. Тој се родил на 13 ноември 1946 година во Москва.[1]

Диригентот Миша Рахлевски е роден во Москва. Тој своето музичко образование го започнал на свои пет години кога посетувал приватни часови по виолина. Студирал на Конзерваториумот во Москва и Руската музичка академија на Генин. Во 1973 година го напуштил Советскиот Сојуз и работел во Израел, Јужна Африка и во Канада. Во 1976 година се преселил во САД. Подоцна го основал Новиот американски камерен оркестар (НАКО). Во 1989 година, Рахлевски се преселил во Шпанија, а подоцна се вратил во родениот град Москва и таму го создал камерниот оркестар Кремљин.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Tyranny, "Blue" Gene. „Misha Rachlevsky“. Allmusic.com. Посетено на 6 April 2014.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]