Прејди на содржината

Мичел Доналд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мичел Доналд
Мичел Доналд во 2009
Лични податоци
Полно име Мичел Доналд
Роден на 10 декември 1988(1988-12-10)(35 г.)
Роден во Неув-Венеп, Холандија
Висина 1.85 м (6 ст 1 ин)
Позиција Defensive midfielder
Клупски податоци
Сегашен клуб Црвена Ѕвезда
Број 20
Младинска кариера
ФК Бајмар
0000–1998 A.V.V. Zeeburgia
1998–2007 Ајакс
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2007–2011 Ајакс 8 (1)
2007–2009Јонг Ајакс (позејмен) 56 (8)
2010WiВилем II (позајмен) 14 (1)
2011–2014 ФК Рода 91 (12)
2014–2015 Мордовија 14 (3)
2015– Црвена Ѕвезда 74 (10)
Репрезентација
2009 Холандија под 21 3 (0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 13 декември 2017
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 14 април 2016

Мичел Доналд (10 декември 1988) — холандски фудбалер.Игра на средината на теренот,но моментално настапува за белградска Црвена Зведа.

Доналд почнал да тренира во Бајмар ,но подоцна бил член на Зебурф од Амстердам, а од 1998 година станува член на прочуениот омладински тим на Ајакс.За првиот тим на Ајакс дебитирал на 14 февруари 2007 година во мечот на куп на УЕФА против Вердер.[1] Член на Ајакс бил до 2011 година. Доналд сепак не добил права шанса во славниот клуб којшто играл 24 натпреварувачки утакмици со два постигнати гола. Некое време од 2007 до 2009 година бил позајмен на вториот тим на Ајакс (56 настапи и осум пати се запишал во стрелците) и во Вилем II во текот на 2010 година (14 утакмици само еден гол).

Подоцна преминува во Рода, каде што од 2011 до 2014 година играл 91 утакмици и 12 пати се запишал во стрелците.Во текот на 2014 и 2015 година настапува за Мордовиј од Саранск во Премиер лигата на Русија и бележи 14 настапи и три постигнати гола. Од август 2015 година е играч на Црвена Звезда, Доналд е прв капитен што не е Србин (странец). Од 2017 година ја носи капитенската трака на Црвена Звезда.

Репрезентација

[уреди | уреди извор]

Бил репрезентативец на Холаднија во тимот до 21 година, бидејќи во 2009 година одиграл 3 утакмици во помаранџестиот дрес.[2]

  1. „Werder Bremen 3 – 0 Ajax Amsterdam“. ESPN Soccernet. 14 February 2007. Архивирано од изворникот на 2012-10-20. Посетено на 2 November 2009.
  2. Mitchell Donald profile at Soccerway