Мица Јанеска
Изглед
Мица Трајчева Јанеска (8 август 1918 во Крушево — ) — учесник во НОВ на Македонија.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Активно учествувала во акциите што ги организирала Партијата од 1941 година како член на женска воспитна група во Крушево. Во нејзината куќа престојувале илегалци од есента 1941 година. До есента 1942 година партиската техника била сместена во нејзиниот дом. Тука се одржувале и состаноци на МК КПЈ како и на МК СКОЈ. Се грижела за илегалците што биле сместени кај неа дома. Во август 1942 година била уапсена, но по два и пол месеци ослободена. По враќањето се поврзала со групата и работела на истите задачи. Носела храна до базата на Партизанскиот одред „Питу Гули“.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]| Оваа статија за личност од Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |