Михајло Константиновиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија

Михајло Константиновиќ (Битола, крајот на XVIII век - Србија, втората половина на XIX век) бил познат македонски иконописец. Бил соработник на зографот Јања Молер, кој работел нарачки за Милош Обреновиќ. Сликал икони за црквите во околината на Шабац и на Валево (меѓу 1825 и 1833 година). Со зографот Никола Јанковиќ од Охрид ја живописале црквата во манастирот Троноша и го насликале иконостасот во манастирот Чокешина во 1834 година[1].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Б. Вујовић, Уметност обновљене Србије 1791-1848, Београд, 1986,256-259