Михајло Димитриевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Михајло Димитриевски-Мичо студирал на Графичкиот факултет во Битола.

Активно објавува стрипови и цртежи во „Студентски збор“, „Пулс“, „Стрип Арт“, "The Cult", илустрации за учебници во издание на „Просветно дело“ и други.

Битолчанецот Михајло Димитриевски, попознат како „Тхе Мичо“, е легенда на стрип-цртањето и илустрацијата не само кај нас, туку и во глобалната индустрија на друштвени игри и стрипови.Попознати негови игри на межународен план се: „Валерија“„(Valeria)“, „Бродоградители на Северното Море“ „(Shipwrights of north sea)“, „Игра на тронови“ „(Game of Thrones)“, македонските: „Воздигнато благородништво“ „(Rise to Nobility)“,„Каверна таверна“, „(Cavern Tavern)“, „Робин Худ“, „(Robin Hood)“, „Галактички Војсководци“, „(Galactic Warlords)“.

На домашен терен е познат како автор на карактерите на „Петко“, „Еднооки“,„Чунга лунга“, додека на светски план стигна до цртање карактери за популарниот серијал „Игра на тронови“. Во последно време неговото име се појавува на шпиците на анимираниот серијал „Светот на Биби“, каде што е арт-директор, ги дизајнира карактерите и позадините и се грижи за целокупниот визуелен изглед на проектот.

Покрај сите професионални цртачки обврски во периодот на карантин во изминатите неколку месеци секојдневно на Фејсбук објавувал по еден цртеж поврзан со ковид-кризата. Така се појави неговата прва книга „Карантински хроники“, во која објавил 82 цртежи.[1], [2].

Уметничи (арт) директор е на првиот македонски долгометражен 2д анимиран филм:„Џон Вардар против Галаксијата“

Во книгата DаrkHorse –Sakai Project, посветена на стрипот, спомнат е како истакнат автор заедно со најдобрите светски стрип автори и иилустратори:(Мињола, Деј Гибонс, Френк Чо, Џек Дејвис, Гуарнидо, Корбен, Паоло Ривера)[3].

Наводи[уреди | уреди извор]