Прејди на содржината

Михал Хелик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Михал Хелик
Лични податоци
Роден на 9 септември 1995(1995-09-09)(28 г.)
Роден во Хожов, Полска
Држава Полска Полска
Висина &100000000000001910000001,91 м
Позиција одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб Хадерсфилд Хадерсфилд Таун
Број 5
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2013-2017 Рух Хожов Рух Хожов 46 (1)
2017-2020 Краковија Краковија 88 (9)
2020-2022 Барнсли Барнсли 81 (6)
2022- Хадерсфилд Хадерсфилд Таун 68 (11)
Репрезентација
2021- Полска Полска 7 (0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 ноември 2010

Михал Хелик (роден на 9 септември 1995 година во Хожов) — полски фудбалер, играч од одбраната на Хадерсфилд Таун и на полската репрезентација.

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Роден во Хожов, Хелик ја започнал својата кариера во локалниот клуб Рух Хожов, за кој дебитирал на 18-годишна возраст во натпреварот од полската Екстракласа Јагелонија-Рух Хожов 6-0 одигран на 15 септември 2013. Тој поминал уште 4 години во Рух за кој забележал точно 50 настапи и 1 гол, пред да премине во Краковија во летото 2017 година.[1] За клубот од Краков дебитирал на 15 јули 2017, во ремито 1-1 на домашен терен против Пјаст Гливице, а веќе во вториот натпревар го постигнал својот прв гол за новиот клуб со кој му донел победа на гостувањето кај Лехија Гдањск. Тој одиграл одлична прва сезона за Краковија во која иако е одбранбен играч се прославил и со постигнување голови тресејќи ги противничките мрежи 8 пати во 32 одиграни натпревари. На 24 јули 2020, Хелик го одиграл целиот натпревар за Краковија во победата со 3-2 по продолженија над Лехија Гдањск во финалето на Купот на Полска, помаѓајќи им на црвено-белите да го освојат првиот трофеј после 73 години. Вкупно за Краковија одиграл 101 натпревар и постигнал 11 голови.

На 9 септември 2020, денот на неговиот 25-ти роденден, Хелик потпишал тригодишен договор со англискиот клуб Барнсли.[2][3] Неговото деби во Чемпионшип поминало во лошо сеќавање откако тој бил исклучен по само 42 минути игра за извршен професионален фаул во поразот со 2-0 од Рединг. Сепак, со текот на времето неговата форма била се подобра и тој се претворил во еден од најважните играчи на Барнсли, а својот прв гол го постигнал на 17 октомври 2020, во ремито 2-2 против Бристол Сити. На крајот од сезоната, Хелик бил избран за Играч на сезоната на Барнсли.

На 1 септември 2022, Хелик потпишал тригодишен договор со Хадерсфилд Таун.[4]

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]

Дебитирал за полската репрезентација на 25 март 2021, во ремито 3-3 против Унгарија во квалификациите за Светското првенство 2022.[5]

Бил повикан во составот на својата земја за Европското првенство 2020, но таму не одиграл ниту една минута.

Хронологија на репрезентативните настапи

[уреди | уреди извор]
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Полска
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
25-3-2021 Будимпешта Унгарија Унгарија 3 – 3 Полска Полска Квал. за СП 2022 - добил жолт картон во 34-тата минута 34' заменет 58'
31-3-2021 Лондон Англија Англија 2 – 1 Полска Полска Квал. за СП 2022 - заменет 54'
1-6-2021 Вроцлав Полска Полска 1 – 1 Русија Русија Пријателска -
5-9-2021 Серавале Сан Марино Сан Марино 1 – 7 Полска Полска Квал. за СП 2022 -
8-9-2021 Варшава Полска Полска 1 – 1 Англија Англија Квал. за СП 2022 - влегол во игра 80'
9-10-2021 Варшава Полска Полска 5 – 0 Сан Марино Сан Марино Квал. за СП 2022 -
12-10-2021 Тирана Албанија Албанија 0 – 1 Полска Полска Квал. за СП 2022 - влегол во игра 90+2'
Вкупно Настапи 2 Голови 0

Статистика

[уреди | уреди извор]

Клупска статистика

[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 21 декември 2019.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2013-2014 Полска Рух Хожов ЕК 8 0 КП 0 0 - - - - - - 8 0
2014-2015 ЕК 18 1 КП 0 0 ЛЕ 4[6] 0 - - - 22 1
2015-2016 ЕК 0 0 КП 0 0 - - - - - - 0 0
2016-2017 ЕК 20 0 КП 0 0 - - - - - - 20 0
Вкупно Рух Хожов 46 1 0 0 4 0 - - 50 1
2017-2018 Полска Краковија ЕК 32 8 КП 2 0 - - - - - - 34 8
2018-2019 ЕК 32 0 КП 2 1 - - - - - - 34 1
2019-2020 ЕК 23 1 КП 5 1 ЛЕ 2[7] 0 - - - 30 2
авг.-сеп.2020 ЕК 1 0 КП 1 0 ЛЕ 1[7] 0 - - - 3 0
Вкупно Краковија 88 9 10 2 3 0 - - 101 11
сеп. 2020-2021 Англија Барнсли ФЛЧ 45 5 ФАКуп+ЛК 3+1 1+0 - - - - - - 49 6
2021-2022 ФЛЧ 38 1 ФАКуп+ЛК 1+1 0 - - - - - - 40 1
Вкупно Барнсли 83 6 6 1 - - - - 89 7
2022-2023 Англија Хадерсфилд Таун ФЛЧ 36 2 ФАКуп+ЛК 1+0 0 - - - - - - 37 2
2023-2024 ФЛЧ 30 9 ФАКуп+ЛК 1+0 0 - - - - - - 31 9
Вкупно Хадерсфилд 66 11 2 0 - - - - 68 11
Вкупно во кариерата 283 27 18 3 7 0 - - 308 30

Полска Краковија

[уреди | уреди извор]
2019–2020

Индивидуални

[уреди | уреди извор]
2020–2021[8]
  1. Żukowski, Jacek (9 June 2017). „Michał Helik będzie grał w Cracovii“. Gazeta Krakowska (полски). Посетено на 20 December 2020.
  2. „Michal Helik Signs For The Reds!“. www.barnsleyfc.co.uk (англиски). Barnsley F.C. 9 September 2020. Посетено на 9 September 2020.
  3. „Barnsley sign Polish defender Helik“. BBC Sport. 9 September 2020. Посетено на 20 December 2020.
  4. „SIGNING: MICHAŁ HELIK JOINS TOWN!“. Huddersfield Town AFC. 1 September 2022. Посетено на 1 September 2022.
  5. „Match Report of Hungary vs Poland - 2021-03-25 - WC Qualification“. Global Sports Archive. 25 Mar 2021. Посетено на 26 Mar 2021.
  6. 3 настапи во квалификациските кола.
  7. 7,0 7,1 Во квалификациските кола.
  8. Helik is your Player of the Season! Barnsley Football Club (www.barnsleyfc.co.uk), Retrieved 08 May 2021.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]