Михаил Хандури

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Михаил Хандури
Rumanian cheta of IMARO Ber - Voden region.JPG
Роден Голема Ливада, Гуменичко, Егејска Македонија
Починал ?
 ?


Михаил (Дине) Хандури или Хандули (романски: Mihail Handuri, Handuli, грчки: Ντίνο Χαντούρη; роден во Голема Ливада, Гуменичко, Егејска Македонија) — македонски револуционер, вовјвода на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација.

Биографија[уреди | уреди извор]

Михаил Хандури е роден во егејското влашко село Голема Ливада. Во август 1906 година Ѓорѓи Мучитанов навлегол со чета составена од Власи на Пајак планина му го предал раководството на Михаил Хандури. Тоа биле Косту Дабижа, Таки Николов и Наум Петрушевски од Крушево, Ванчо Дамаш и Георги (Јори) Гаки Доду од Гопеш, и Наки Кузман от Маловиште, а кон он нив се присоединиле уште и Христо Преш од Негован, Никола Макри и Муша Дарлајани од Долјани, Кола Нича и Јанчу Пендифунда од Бер, Христо Гича Рошо од Патичино и Мита Здру од Кадрево.[1] Четата се поделила на две едински, кои имале дејства во реоните на Воденско, Ениџевардарско и Берско околу 2 години. Четата разполагала со сопствен печат, на кој пишувало „Влашка Берско - Воденска чета на ВМОРО - Централисти“[2][3].

Во летото 1907 година заедно со Иван Златанов и Георги Касапчето од Месимер или Ѓорѓи Мучитанов - Касапчето се сретнал со Телос Агапинос и Антонис Мингас, кои се обиделе да ги привлечат на грчка страна и да го растурат македонско-влашкиот сојуз во Ениџевардарско. Андарти биле заробени и обесени неколку дена подоцна[4].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Costu Dabija, Tachi Dincea and Naum Petrushevski, all four from Krushevo, Unciu Damash and Ioryi Gachi Dodu from Gopesh and Nachi Cuzman from Malovishta, Hrista Presh from Negovan, Nicola Macri and Musha Darlaiani from Doliani, Cola Nicea and Iancu Pendifunda from Veria, Hristo Chicea Rosho from Paticina and Mita Zdru from Candrova.
  2. “Vlach Veria – Vodena band of IMRO – Centralists”
  3. Minov, Nikola. The Aromanians and IMRO, в: Macedonian historical review, vol.2, 2011, стр.191-193.
  4. Τρομπούκη, Αλεξάνδρου. Ο ΜΑΚΕΔΟΝΙΚΟΣ ΑΓΩΝΑΣ ΣΤΗΝ ΚΕΝΤΡΙΚΗ ΜΑΚΕΔΟΝΙΑ ( Ο μαρτυρικός θάνατος του Ανθυπολοχαγού Τέλλου Αγαπηνού (Άγρα) το καλοκαίρι του 1907), ΧΡΟΝΙΚΑ ΙΣΤΟΡΙΑΣ ΚΑΙ ΠΟΛΙΤΙΣΜΟΥ Ν. ΗΜΑΘΙΑΣ τχ.1 (Απρίλιος - Ιούνιος 2008)